Како треба да се исповедаме

Исповед

1. Треба да го исповедаме исповедаме секој грев

Исповедта не треба само да е искрена, туку и подробна. А за тоа претходно треба да размислиме и да се сетиме на гревовите. Може да си помогнеме со некои книги и текстови, како на пример: „Ако ги исповедаме своите гревови“ од Тома Хопко (достапна на интернет на македонски јази); не постојат небесни сметководители, за исповедта. Се разбира дека овие книги и текстови не се потребни да се читаат на исповед, ниту, пак, е потребно гревовите да ги препишуваме дословно. Книгите за подготовка на исповед помаат за да ги спознаеме гревовите што сме ги подзаборавиле, но книгата не може да го замени потребниот труд за покајание.

2. Само чувства без зборови – тоа не е покајание

Како Благ и Незлобив Владика, си благоизволил овие твои слуги да добијат прошка преку словото – се вели во една од молитвите пред исповедта. Ние се ослободуваме од гревовите преку зборот, а не само преку солзи и чувства. Додека била жива, Теодора горко плачела за сите нејзини гревови, но за неисповеданите гревови била измачувана.

Плачот за гревовите ни е заповед од Бога. Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат (Матеј 5, 4). Но, нема да се утешат само заради солзите. Таму кај што има болка за гревовите, таму има и желба за ослободување од нив. Затоа вистинскиот плач за гревовите нужно ќе нè научи да се каеме со збор.

Често плачеме, зашто се сожалуваме себе си. Тоа не е плач за кој се говори во блаженството, бидејќи тој плач само ни пречи да се каеме. Колку повеќе се сакаме себе си, толку повеќе губиме од исповедта. Тогаш, само се трудиме да ги извлечеме личните чувства.

Ако ова е вака, тогаш прво што треба да да направиме, е да земеме сè под наша контрола, бидејќи од нас зависи дали наместо гревови ќе изливаме чувства. Ако зависиме од чувствата толку многу, што дури и не се сеќаваме на гревовите, тогаш, да одиме дома, да се собереме во себе си, убаво да се присетиме, знаејќи недвосмислено за што се каеме.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz