Како се облекува свештеник

Земајќи го стихарот во левата рака, и поклонувајќи се трипати кон исток, свештеникот го благословува и целива стихарот, молејќи се:

Благословен е нашиот Бог постојано, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.

И го облекува, велејќи:

„Душата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Он ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси.“ (Ис. 62, 10).

Потоа го зема епитрахилот, го благословува и облекува, говорејќи:

„Благословен е Бог Кој благодат излева врз Своите свештеници, како миро на главата, кое се излева врз брадата, брадата Аронова, кое се слева на полите од одеждите негови“.

Оставете коментар

1 Comment on "Како се облекува свештеник"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Свет, Свет, Свет е ЈХВХ БОГ Саваот!

Живиот БОГ да е на помош, браќа и сестри!

Сакам да обрнам внимание на тоа дека во Верата Вистинска Христова,
нема друг Свештеник освен Единствениот (Христос) и дека тој не доваѓа од редот Аронов (види во видеото на 0:55 сек.), ниту дека доаѓа од грција, македонија, русија, рим, … итн.

Живиот БОГ да ве благослови во Прчистото Срце и Име Исусово (Јахшуах хаМешиах)!

Амин

wpDiscuz