Како на исповед да раскажеме за најскриеното?

Често исповедта е нешто слично со одење на психотерапевт и на психијатар, каде (во тој случај) човекот треба да му олесни на болниот. Да ги уништи неговите комплекси, или лажни комплекси, во зависност од случајот, да му ги олесни тензиите, да го успокои итн. Главниот херој на таа средба е лекарот. Болниот се обраќа кон него и токму со името на лекарот е врзано лечењето на болестите. Во исповедта, свештеникот нема главна улога. Некои свештеници, дури не ни кажуваат ниту еден збор на исповед (и самиот сум се исповедал кај такви старци – тие едноставно молчат; еднаш дури го прашав духовникот: ништо нема да ми кажете? – нема потреба ништо да се каже, сè што ви треба Бог ќе ви каже). Човек му се исповеда на Бога. Бог ја исцелува човечката душа. Свештеникот е само сведок на покајанието. Ако при исповедта се осудуваат другите (што е често) и ако на исповед човек се оправдува себе си префрлајќи ја цела одговорност за животните проблеми на некој друг, или прави други духовно-опасни дејествија, тогаш задачата на свештеникот е да коригира и да каже: „Моментално зборуваме за вас, а не за вашата сопруга и за вашите деца. Кажете што има во вашата душа?“ Значи, задачата на духовникот е да го коригира разговорот – да го приведе човекот кон покајание, доколку самиот не знае што покајание. Ние одимe кон Бога, а свештеникот е должен да ни помогне да го почувствуваме Божјото присуство. Но, исцелувањето и опростувањето на гревовите е од Господ.

Оставете коментар

1 Comment on "Како на исповед да раскажеме за најскриеното?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Како на исповед да раскажеме за најскриеното? […]

wpDiscuz