Како мост над разбранувана вода…

… и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на должниците наши.
Мт. 6,12

Проштевање! Тоа е мојот „мост“ за поврзување со сите, па и со Бога. И обратно, непроштевањето некому, па дури и задржувањето на помала или поголема лутина кон било кого, создава пукнатина во овој „мост“ и ја разнишува мојата врска со остатокот од Божјиот свет.

Самиот Господ ја трасира мојата патека на проштението, оти Тој проштевал, како што ни покажува преку молитвата Оче наш. Тој ја кажува Оче наш со нас, поканувајќи нѐ не само, туку со Него, Кој Прв ја кажал, и тоа како Оној Кој врз Себе ги зел гревовите на светот. Тој се положил Себеси, „како мост над разбранувана вода“, според животворните зборови на Сајмон и Гарфанкл; мост на проштевањето. Затоа денес, да се потрудиме да направиме мали чекори, како Негови чеда, со Него и во Него, кон надминувањето на секоја лутина која ја чуваме во изолираноста што самите себе си ја наметнуваме. Господ може да го олесни нашиот ум, и да нѐ прегрне.

Сестра Васа Ларин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz