Како да живееме?

„Како да живееме?“ Ова беше најважното прашање кое му беше поставувано на старец Амвросиј (Оптински) од страна на сите. Вообичаено, тој ќе им одговореше во својот хумористичен стил:

Живот

„Живеј – не тагувај, не осудувај никого, не вознемирувај никого, и почитувај секого“. Честопати, самиот тон на старецот изнудуваше насмевка на лицата на лекомислените слушатели. Меѓутоа, доколку човек подлабоко се замисли над оваа поука, нејзиниот длабок смисол ќе биде очигледен.

„Не тагувај“, односно, нека твоето срце не биде оптеретено со тагите и несреќите неизбежни за секој човек, туку усмери го [срцето] кон Единствениот Извор на вечната радост – кон Бога. Преку Него, личноста се смирува пред своите жалости, станува „покорна“ и така го здобива мирот.

„Не осудувај никого“, „Не вознемирувај никого“. Осудувањето и вознемирувањето, кои се плод на разорната гордост, се двете највообичаени дела меѓу луѓето. И доволни се за душата на човекот да ја фрлат во длабочините адски, иако, навидум, може и да не изгледаат како да се гревови.

„Почитувај секого“ – заповедта на Апостолот: „натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг“ (Рим. 12,10).

Собирајќи ги сите овие мисли во една, можеме дека видиме дека во гореспоменатите изреки, старецот го проповедал смирението пред сѐ – смирението како основа на духовниот живот, извор на сите добра, без кое човекот не може да се спаси.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz