Кафе со сестра Васа: Мироносиците – апостоли на апостолите

Во оваа епизода на „Кафе со сестра Васа“, најпопуларната православна монахиња (која има зилиони фанови низ светот), разговара за жените-мироносици и Јосиф од Ариматеја кои во нашата Црква се познати како „миронос(и)ци“. Во православниот празничен круг, после секој голем празник, следниот ден го празнуваме споменот на луѓето кои се најтесно поврзани со празникот што бил празнуван. Така на пример, денот после Божик го празнуваме Соборот на Пресвета Богородица. После Богојавление (Крштението на Господ Исус Христос), го празнуваме Соборот на св. Јован Крстител. А денот после Осмиот ден (Пасхата), ги празнуваме Мироносиците, како непосредни сведоци на Спасителните Страданија и Воскресението Христово.

Затоа, препорачуваме денешното саботно кафе да го испиеме со сестра Васа, и да се потсетиме на значењето на мироносиците.

Преводот на македонски е достапен со клик на копчето CC, и потоа избирање на “Settings -> Macedonian”.

Христос воскресе!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz