Јавувањето на апостол Петар на св. цар Јустинијан

v-ecumena

Денес (18 септември) го славиме споменот на јавувањето на св. ап. Петар на св. праведен и благоверен цар Јустинијан. Што всушнот била причината за ова јавување?

Настанот е поврзан со житието на св. Евтихиј Константинополски. Кога св. Евхтихиј бил дете, тој ја предвидел својата идна служба на Константинополската катедра во игра, потпишувајќи се како „Патријарх Евтихиј“. Образувајќи се во Константинопол, младиот Евтихиј бил восхитен од Божјата Премудрост и решил да се замонаши, па пошол во Амасејскиот манастир (денешна Северна Турција).

Во предсоборните активности пред свикувањето на Петтиот вселенски собор, монахот Евтихиј бил испратен како заменик на веќе болниот и стар митрополит Амасејски. Штом патријархот Мина, кој исто така бил во поодминати години, го здогледал монахот Евтихиј, тој веднаш прорекол дека Евтихиј ќе биде неговиот наследник како Патријарх.

Во Атира Тракиска, близу Константинопол, постоела црква посветена на св. првопрестолен апостол Петар, во која секој 5 (18) септември се славела годишнината од нејзиното осветување. Токму на овој ден во 522 г. по Хр. на прославата бил присутен и св. цар Јустинијан, кој имал божествена визија во која му се јавил св. апостол Петар, му покажал кон Евтихиј, велејќи му: „Тој нека ти биде епископ“.

Така и било. Во 553 г. по Хр. Евтихиј го свикал Петтиот вселенски собор, на кој биле осудени повеќе ереси, меѓу кои и учењето на Ориген.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz