Известување и покана за неколку настани до крајот на мај

ornament

Канонизација на св. Гаврил Светогорец, еп. Велички

Вечерна богослужба
сабота, 27 мај 2017 г.
18:00
Соборен храм „Св. Никола“, Штип

Архиерејска Литургија
недела, 28 мај 2017 г.
09:00
Соборен храм „Св. Никола“, Штип

На вечерната богослужба ќе чиноначалствува неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На Светата Архиерејска Литургија ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ. На светата Литургија ќе биде објавена Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква за впишување во списокот на светиите на Епископот Велички Гаврил Светогорец . Светите мошти на Епископот Гаврил ќе бидат изложени во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.

ornament

Јавна дискусија на тема:
„Православието, теологијата и современото општество“

вторник, 30 мај 2017 г.
19:30
Свечена сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Скопје

Дискусија во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на која ќе гостуваат:

доц. д-р Свилен Тутеков (Велико Трново): „Современата православна теологија – школи, предизвици, перспективи“
гл. ас. д-р Смилен Марков (Велико Трново): „Православната Црква во современото европско општество“

 

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz