Смирението го издигна митарот…

Нека те фали друг, е не устата твоја, – туѓ, а не јазикот твој.
Изреки 27, 2

Еден стар и прост човек го праша авва Амон: „Три мисли ме мачат: дали треба да талкам низ пустината, или да одам во туѓа земја каде што никој не ме знае, или треба да се затворам во келијата без да отворам врата, примајќи храна секој втор ден?“ Аввата му одговорил: „Не е добро да правиш ниту една од овие три работи. Подобро е да седиш во својата келија, да јадеш по малку секој ден, и во срцето постојано да ги имаш зборовите на митарот. Прави така, и ќе се спасиш.“
од изреките на пустинските отци

Покајанието и смирението се многу поважни и повозвишени од сите други добродетели. Имајќи ги на ум зборовите на пророк Давид, св. Јован Лествичник пишува: „Не постев, не бдеев, не спиев на земја, но се смирував и Господ ме спаси.“
старец Амвросиј Оптински

Кога лудата помисла на бележење на добрите дела што ги правиш ќе влезе во твојот ум, во истиот момент поправи ја грешката и започни да си ги броиш гревовите, тие постојани и безбројни престапи пред Семилостивиот и Праведен Господар, и ќе увидиш дека бројот на твоите гревови е како морски песок, додека твоите добродетели во споредба со нив, се никакви.
св. Јован Кронштатски

Ако покајанието е преголем залак за тебе, и секојдневно и без да сакаш, од навика грешиш, покажи смирение како митарот; тоа е доволно за твоето спасение.
св. Петар Дамаскин

Оставете коментар

1 Comment on "Смирението го издигна митарот…"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Смирението го издигна митарот… […]

wpDiscuz