Излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“

Деновиве излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, посветен на свети Григориј Палама. Заедно со овој број подарок – Готвач за десерти.



На свети Григориј Палама

Труба на богословието
Чесно пребивалиште на Духот
Непоколеблив столб на Црквата
Река на премудроста
Светилник на светот
Прекрасна фрула на Духот
Златносјаен јазик
Небесен тајник на Троица
Проповедник на Божествената светлина
Меч што ги исече гордоста и секоја сила еретичка како пајажина
Исцелител на болестите човечки
Добар пастир, кој душата своја ја положи за овците
Цврст страдалник и испосник
Поборник на побожноста и противник на безбожноста
Усрден застапник на верата
Велик наставник и учител благ
Убавина на монасите
Ѕвезда сјајна што го осветлува светот

Свети Григориј Палама,
моли Го Бог непрестајно за нас!

Премин Премин Премин

Списанието може да го набавите во секоја подобро снабдена продавница за списанија и магазини.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz