Издавачка дејност на Брегалничка Епархија: Библиотека Св. Гаврил Лесновски

Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски“ започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги. Листата на досега издадени книги кои се достапни вклучува:

1. Молитвеник, 220 стр.
2. Св. Јован Кроштадски – Одговори на прашања за духовниот живот, 173 стр.
3. Старец Пајсиј Светогорец – Совети за спасението во денешниот свет, 240 стр.
4. Света Тајна Брак – Поуки на Православната Црква за бракот и семејството, 200 стр.
5. Протоереј Александар Торик – Црковен живот за почетници, 121 стр.
6. Детски молитвослов – Расказ за молитвата, 17 стр.
7. Христос – нашиот небесен Лекар – За болеста и исцелението во Православното предание, 256 стр.
8. Архимандрит Рафаил Карелин – За абортусот и за развратот, 184 стр.

Сите издадени книги можете да ги порачате на E-mail адреса:
lesnovoknigi@t-home.mk со точно наведување на насловите на книгите, бројот на примероци, и името и адресата на која сакате да ви бидат испратени.

Книгите ќе ви бидат испорачани во рок од 10 дена.

Плаќањето се врши при приемот на книгите.

За секои порачани 5 примероци од книгите – добивате 1 книга бесплатно, за секои 10 примероци – добивате уште 2 книги бесплатно по ваш избор, за 15 примероци – добивате уште 3 книги бесплатно по ваш избор итн. (во порачката наведете кои книги ги сакате бесплатно)

Цената на доставата на книгите до наведената адреса е:

За пакет до 20 примероци од книгите – 150 денари
За пакет над 20 (до 40) примероци од книгите –180 денари

Заради полесна достава, ве молиме оставете го и вашиот телефонски број.

За повеќе, кликнете тука: Издадени книги

Оставете коментар

1 Comment on "Издавачка дејност на Брегалничка Епархија: Библиотека Св. Гаврил Лесновски"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Книгите се многу убави и многу се ефтини. Голема благодарност до Лесновското братство што овозможија секој да може да си дозволи да купи од книгите. Господ нека им помага уште повеќе книги да се издадат

wpDiscuz