Исламската држава со порака до Балканот: Чест е да си во Џихадот

Ново пропагандно видео од Одделот за медиуми на ИСИС – Алхајат Медиа Центер се појави на интернет, а кое, како што се вели во самиот наслов, е наменето за Балканот. Во видеото на англиски, албански и босански јазик се повикуваат сите муслимани од Балканот да земат учество во светата војна – џихад.

– Упатуваме порака на сите оние кои почитуваат друг господ освен Аллах во Албанија, Косово, Македонија и целиот Балкан. Немој да мислете дека ние ги имаме заборавено сите штети што ги вршите врз муслиманите. Немој да помислете дека ние ги имаме заборавено оние кои се непријатели на Алах. Ние ќе ви дојдеме со бомби“.

Овие закани се упатени во видеото на албански јазик од членови на ИСИС со имињата Абу Билкис (Ал Албан), и Абу Микатил (Ал Косова).

Босанските џихадисти, и оние од Санџак пак, им советуваат на оние кои не можат да дојдат и да војуваат во Сирија, истото да го сторат во своите земји, преку ставање отров во храната на „неверниците“, убивање и палење на домови и автомобили.

Предупредување: Видеото има вознемирувачка содржина

Косовската телевизија КТВ направи репортажа како одговор на ова пропагандно видео. Во него репортерот разговара со семејството Хаќифи, чиј син веќе неколку години се бори на фронтот на Исламската држава. Потресените родители изјавиле дека не се зачудени што нивниот син излегол со такви радикални ставови, иако, најсреќни би биле кога тој би се вратил дома и би престанал со бесмислената борба. Како главен виновник за радикализацијата на нивниот син го сметаат косовското општество кое не прави ништо за да се спречи ваквата сè почеста појава.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz