Искрено молете се на Бога

Старец Гавриил

Еднаш го прашаа старец Гавриил Ургебадзе: „Оче, вие произнесувате молитва за властите. Ако јас, да речеме, не го сакам нашиот претседател, тогаш мојата молитва испаѓа неискрена?“

Тој се насмевна: „Кој е најмалечок и најсакан кај вас дома?“

– Мојот син Никола.

– За твојот малечок Никола, ти се молиш?

– Да.

– А покрај него, кој е миленик кај вас дома?

– Моите родители.

– За нив, исто така, се молиш?

– Да.

– Околу вас, секако, живеат и соседи? И за нив се молиме на Бога?

– Да.

– А во вашиот град има луѓе, добри и лоши? Должни ли сме ние да се молиме лошите да станат добри?

– Да.

– Тогаш, како не ти е срам? За секого се молиш, а за еден претседател не сакаш? Секогаш искрена ќе биде оваа молитва: „Нека Бог го исполни неговото срце со добрина, а умот со мудрост“.

Така молете се и тој претседател ќе ви биде мудар и добар. Какви птички ќе бидеме – таква ќе ни биде и куќучката во која живееме! Искрено молете се на Бога, и тој ќе ви подари сѐ најдобро!

од кажувањата за старец Гавриил Ургебадзе

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz