Има два типа на луѓе

Има два типа на луѓе: верни, кои знаат дека нивната вера е слаба, и неверни, кои мислат дека нивната вера е голема. Токму затоа Господ рекол дека ако се молиш и ако постојано стоиш пред Бога, тогаш се молиш со срце смирено и скрушено, и само тогаш верата навира во тебе. Од молитвата, верата се раѓа во тебе. Од очистеното срце се раѓа молитва која Бог ја прима. Ако денес се молиш, а вчера не си се молел, тогаш твојата вера е подобра од вчера, а ако утре се молиш со скрушено и чисто срце пред Бога, тогаш верата утре ќе биде подобра од онаа денес. Колку повеќе се искачуваш по молитвената лествица, толку поблизу си до Бога.

Светилиште

Што е верата? Како да поместиш планини со неа? Господ не одговорил на ова, но ни рекол да се молиме и да постиме, за да бидеме верни. Човекот не бил создаден верен, но преку дела станал верен; молитвата била тоа дело што го приближило до Бога.

Вера, тоа е да стоиш во близина на Бога, да најдеш утеха во Неговиот лик, да најдеш олеснување во Неговите зборови. Ако можеш да останеш чист во светот од световноста, тогаш си верен, зашто си верен на зборовите Божји откриени во Светото Писмо. Ако правиш нешто спротивно на Господовите зборови, колку и да велиш дека си верен, не си.

Митрополит Георгиј Кодр, Антиохиска Патријаршија

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz