Играчи на Pokemon Go провалиле во руската црква во Виена

Pokemon Go

Парохијата на Соборната црква „Св. Никола“ на РПЦ во Виена, Австрија, поднела официјална жалба поради провалата на играчите на играта „Pokemon Go“, јавува Интерфакс. Како што се наведува во жалбата, играчите провалиле во Соборната црква која е определена единствено како место за богослужби.

Неколку дена претходно, пак, Руската Црква се обрати до играчите на играта која од ден на ден здобива сè поголем број на играчи, повикувајќи ги да ги почитуваат интересите на другите луѓе, неиграчи.

„Девелоперите на оваа игра намерно додаваат провокативна димензија, претполагајќи дека апсолутно секое место може да стане место за играње. Се надевам дека играчите ќе бидат доволно дискретни и ќе ги почитуваат интересите на другите луѓе, општествените и верските организации, и нема да ги загрозуваат приватните животи на другите“, изјави заменикот-претседател на Сиондалниот оддел за односи меѓу Црквата и општеството и медиумите, г. Вахтанг Кипшидзе.

Според него, не само сакралните места, туку и приватните животи и музеите се „места во кои луѓето ги остваруваат нивните со закон загарантирани права и интереси, и тие не треба да станат игралиште за играчите на оваа игра без граници“.

Претходно, Саудиска Арабија и Египет во целост го забранија играњето на оваа игра поради верски причини. Барање за забрана е поднесено во Турција, а во Босна и Херцеговина постои кампања со која се апелира до играчите да не одат по нерасчистените мински полиња со цел да уловат покемони. Во Индонезија, на вработените во јавната администрација на островот Бали им е забрането играњето на Pokemon Go. Австралија објави дека поминувањето на приватен имот поради собирање на покемони е казниво дело, а португалската полиција објави совети против загрозување на безбедноста за време на играњето на играта.

Извор: Интерфакс, NYT

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz