Портрети: Игор Зиројевиќ

Игор Зиројевиќ е роден 1977 година во Требиње (денешна Република Српска, БиХ) каде завшрил осново, основно музичко, и средно училиште. Од 1997 година е во Атина заради студии по црковна музика. Студирал на козерваториумот „Никос Скалкотас“ во Атина, во класата на професорот Константин Ангелидис. Петгодишните студии ги завршил во 2000 година, како најдобар студент во отсекот.

По завршувањето на студиите, продолжува со изучување на богослужбениот репертоар, музичката теорија и историја, а посебно нотацијата и музичкиот израз. Своите знаења ги проширува учејќи од најдобрите атински пеачи и учители. Учествува во богослужби, настапи и снимања со Елинскиот византиски хор, под раководство на Ликургос Ангелопулос. Исто така, често ја посетува Света Гора, каде учествува во богослужбите, каде почнува уште поинтензивно со изучување на музички ракописи. На манастирските слави на Света Гора, учи и пее со најдобрите пеачи на Света Гора.

Од посебно значење на неговиот понатамошен музички развој е неговата тесна врска со манастирот Ватопед, каде често оди, при што користи прилика да учествува во секојдневните богослужби како пеач, но и да ги изучува многубројните ракописи на овој манастир. После неколку години самостојно истражување, се запишува на постдипломски студии на Атинскиот конзерваториум, во класата на професорот доктор Геориј Констандину, каде ги проширува и продлабочува своите музички познавања.

Се занимава со мелотворење на црковнословенски, грчки и српски и толкување (дешифрирање) на старите српски, словенски и грчки ракописи; со изучување на теорија на музика, музичка палеографија; пишува научни трудови, химнографија на црковно-словенски, српски и грчки јазик. Мелотворел (компонирал) мноштво црковни песни и служби на црковнословенски, грчки и српски јазик.

Во октомври 2012 година излезе неговото капитално дело „Антологија на Божествената Литургија, том прв“.

Врска до YouTube налогот на кој се поставени неколку видеа: https://www.youtube.com/user/Melourgos/videos

Врска до Soundcloud налогот: https://soundcloud.com/igor-zirojevic/

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz