И Христијаните во Палестина извикуваат „Аллаху Акбар“

[извадок од интервјуто Неговото Блаженство, Архиепископот севастиски г. Теодосиј, единствениот палестински владика во Ерусалимската Патријаршија]

За западниот ум, зборовите „Аллаху Акбар“ звучат заканувачки. Што мислат Христијаните од Светата Земја за нив?

Ние, Христијаните, исто така велиме „Аллаху Акбар“. Тоа е израз на нашето сфаќање дека Создателот е велик. Не сакаме оваа фраза да се поврзува со тероризам и злосторства. Одбиваме овие зборови да ги асоцираме со масакри и убиства. Ние сме против употребата на оваа фраза во таков контекст. Оние што на тој начин ја употребуваат, ја навредуваат нашата религија и нашите вредности. Сите оние што ги користат овие зборови извршувајќи нерелигиозни, недуховни и нецивилизирани дејствија ѝ наштетуваат на религијата.

Аллаху Акбар е израз на нашата вера. Човек не смее да ги употребува овие зборови за цели кои не се поврзани со религијата, ниту пак, за да оправда некакво насилство или терор

Дали православните христијани во Палестина велат „Аллаху Акбар“ во црква?

Секако. За нас, зборот Аллах не е исламски збор. Тоа е арапски збор со кого се означува Создателот на светот во којшто живееме. И така, кога велиме Аллах во нашите молитви, ние мислиме на Создателот на овој свет. Во нашите богослужбен јазик, во молитвите, службите, го користиме токму тој збор (и други кованици кои звучат муслимански, како на пр. Алхамдулиллах, Инша’Аллах, Маша’Аллах и сл.). Велиме, слава Му на Аллах во вечни векови. На Литургиите доста често може да се слушне овој збор. Многу е погрешно да се мисли дека зборот Аллах се користи само од муслимани.

Ние, Христијаните-Арапи си велиме Аллах на арапски, додека се молиме, и на тој начин мислиме и се молиме на Создателот.

Целото интервју може да се прочита на Russia Today

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz