Хумор наместо антидепресиви

Портрет на Марк Твен, детаљ
Портрет на Марк Твен, детаљ

Адам не го изел јаболкото заради самото јаболко, туку затоа што му било забрането. Да му била забранета змијата, изгледа дeка и неа би ја изел.

Колку само среќен бил Адам! Што и да кажел, можел да рече дека сè уште никој се нема сетено на тоа.

Адам и Ева уживле во многу нешта, а најмногу во тоа што немале млечни заби.

Понекогаш кога размислувам за луѓето, ми се чини дека жалам што Ное и неговото друштво не задоцниле на бродот.

Бракот раѓа караници и – деца.

Сè што можам да кажам за полигамијата е дека ниеден маж не може да служи на двајца господари.

Тајната на човечкото однесување е речиси нерешлива. Божјите тајни се многу полесни и се решаваат без тешкотија.

Паметно е да прочитате временска прогноза пред да почнете да се молите за дожд.

Една пријателка ми кажа дека сè што треба да правиш во рајот е по цел ден да шеташ со харфа во рака и да пееш. И така вечно. Мене тоа и не ми е баш нешто посебно.

Некои луѓе се клањаат на високи функции, некои на херои, некои, пак, на Бога, и за тоа се спорат – но сите заедно сложно се клањаат на парите.

Што се однесува до мене, Јуда не бил ништо друго освен подмолен и злобен претходник на членовите на Владата.

Марк Твен

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz