Христос сака да го вознесе човекот на небесата

Св. Јован Кронштатски

Бог дојде на земјата, за да нè вознесе на небесата.

Значи, уште додека живееме на земјата ние мора да живееме како да сме во Царството Небесно, треба да пребиваме во него, исчекувајќи го во надеж. Но, во реалноста, поголемиот дел од нас го прави токму спротивното. Луѓето со целото свое битие се прилепуваат за земјата и овоземното.

Оти се случува ова? Затоа што нашиот непријател, ѓаволот, со сета сила се труди да се спротивстави на намерите на Богочовекот Христос. Тој се труди да направи сè спротивно на она што Христос го направил и сè уште го прави.

Христос сака да го вознесе човекот на небесата, и на човека му ги дал сите средства за да го постигне ова. А ѓаволот, кој и самиот поради гордост бил спуштен во поглаварствата во поднебесјето, посакува на секаков начин да го врзе човека за овоземното – за сетилните, минливи нешта; за да ја оствари оваа замисла, тој измислува секакви лукавства.

Христос нè поучува во вистината, а ѓаволот во лагата, и се труди на секој начин да ѝ се противи на секоја вистина, изнаоѓајќи разни клевети против неа.

Ѓаволот се труди на секаков начин да го чува човека во грев, во острастеност, во помрачен ум и срце; во гордост, лакомост, завидливост, омраза, изопачена нетрпеливост и раздразливост; во зла потиштеност, во блудни и прељубодејни прегрешенија, во грабеж, лага, хула, несовесност, мрзеливост и омлитавеност.

Св. Јован Кронштатски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz