Христијанинот живее како да е во пустина

monasi

Апостолот Павле вели дека Израелците, преминувајќи низ морето, се крстиле (1Кор. 10,2). Тоа крштение служело како знам за нивно разликување од Египќаните. А апостолот Петар додава: „(водата) и сега нѐ спасува со крштението, како исполнување на праобразот (1Птр. 3,21). И нашето крштение нѐ спасува и ни служи како преграден камен меѓу темните сатански области на гревот и светот, и светлиот живот во Христа. Покрстениот од себе ги отстранува сите земни надежи и потпори, и бивајќи неврзан, живее во овој век како да е во пустина. Неговото срце не е на земјата, туку е во другиот век. Сѐ што е сегашно само површно го допира: оној што има жена, живее како да ја нема; оној што купува, живее како ништо да нема, и оној што го користи овој свет, живее како да не го користи.

Св. Теофан Затворник
Мисли за секој ден во годината

Живееме и одиме в црква за да ја видиме Светлината Христова, и откако ќе ја видиме, душата да ја подадеме кон Него и да Му прозбориме, не со демонските зборови „Што имаш со мене, Ти, Исусе?, туку со човечки: „Заради мене дојде Ти, Исусе!“. Не со демонските „Те преколнувам, не мачи ме!“, туку со благословените „Господи, очисти ме – колку и да ме боли, колку и да се мачи мојата сластољубива и гревољубива душа – очисти ме, изгори ме со Својот спасителен и очистителен оган!“.

Архиепископ Јован Шаховској

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz