Со трпение раѓајте плодови

Постот е време за раѓање плодови на покајание, плодови на Духот. На еден начин, постот (а и животот) е даден токму поради тоа. Да се родат овие свети плодови и не е лесна задача. Тоа просто не се случува само по себе. Ниту е нешто магично, ниту механичко. Попрво, се работи за долго и напорно делање што потребува многу работа. И најмногу од сè, потребно е трпение. Исус го објасни ова преку Неговата парабола за сејачот, велејќи дека плодната земја го прима Божјото Слово и многуплодно раѓа единствено преку трпението: „а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение“ (Лк. 8, 15).

Во великопосната молитва на св. Ефрем Сирин особено се молиме за трпение. Трпението е потребно за човекот којшто очекува да роди духовни плодови. Градината расте ако се негува. Бог го дава растот, но Неговите работници мора да ораат и наводнуваат и оплодуваат и облагородуваат. А тоа мора да се прави бавно, болно, со неуморлив труд и бескрајно трпение. Инаку, ништо корисно нема да израсне. „Со трпение“, вели Господ, „спасувајте си ги душите“.

Зборот „трпение“ значи „да се истрае, да се издржи“. Значи да се издржи и истрае со луѓето и нештата. Значи да се носи бремето на другите, и на „дневната жега“. Значи да се гледа и да се чека, без да се избрзува, ниту да се брза. Буквално значи да се трпи страдањето, во благо очекување на исходот на којшто се надеваме. Оти, како што вели Спасителот, само оние што претрпат до крај ќе се спасат (Мт. 24, 13).

Отец Томас Хопко

Оставете коментар

2 Comments on "Со трпение раѓајте плодови"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Blazhen e onoj koj so trpenie i blagodarenje ke pomine niz makite na ovoj privremen zhivot.Dolzhni sme da Mu blagodarime na Bog,Koj so posredstvo na makite gi podgotvuva nashite besmrtni dushi da stanat naslednichki na vechnite dobra na Nebesnoto Carstvo.

[…] Со трпение раѓајте плодови […]

wpDiscuz