Хип-хоп свештеник: Nastoyatel

Навидум, хип-хопот и православието немаат ништо заедничко. Сепак, минативе неколку години на руската музичка сцена се појави нов правец – православен хип-хоп, кој, барем музички, не се разликува од неговата „секуларна“ верзија. Истото би можело да се каже и за текстовите кои се пеат – се пее за братството, за гневот и разочарувањето, но, се пее и за уште едно нешто, од кое мејнстримот со децении наназад бега: Бог и верата.

И додека една група верници оваа „авантура“ во хип-хопот ја гледа како новотарска прелест која се граничи со хула, младите Руси на истото гледаат како на добар пример за охристовување на современата култура и музика.

За вас издвојуваме два православни хип-хоп изведувачи. На вас оставаме да одлучите дали ви се допаѓа овој старо-нов музички жанр.

Соль Земли

Соль Земли (Сол на земјата) е петчлен московски состав за чијашто музика фановите велат дека звучи „онака како што би звучело кога Фјодор Достоевски и Алексеј Балабанов би звучеле кога би рапувале“. Централна идеја на нивната музика е враќањето кон духовниот источник на Русија – Православието како одговор на новиот светски поредок.

Nastoyatel

Nastoyatel, или отец Максим Курленко е 40-годишен православен свештеник, е хип-хоп ѕвезда чиј рап е микс на музичка проповед, библиски стихови и анти-западна пропаганда. Покрај овој необичен медиум за проповед, отец Максим има и традиционален аудио-подкаст на кој ги разгледува прашањата од современото православно живеење.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz