Химнографија

Сега малку и за химнографијата, којашто е, може да кажеме, посебна наука за себе.

Песните кои се пеат или кои се читаат на нашите богослужби се нашата химнографија. Тие се поделени на различни видови.

Први песни кои ги пееле христијаните, а се употребувале кај Јудеите, биле псалмите. Псалмите се ненадминати по својата содржина. Тие се можеби најдлабоката и највозвишена црковна поезија. За еден од најубавите покајни псалми се смета 50-тиот псалм, кој го напишал цар Давид. Псалмите биле читани и пеени уште од самиот почеток на христијанските богослужби.

Антифоните се еден од најдревните видови на поезија. Се смета дека прв ги вовел свети Игнатиј Богоносец, кој имал видение во кое ангелите пееле наизменично. А тоа и значи зборот „антифон“ – да се пее наизменично. Затоа и денеска во манастирите, а и во некои цркви ќе видиме како се пее од две певници. Ваквото пеење постоело и кај Јудеите и кај старите Грци во нивните антички драми. Во Црквата оваа пракса се раширила како одговор против аријанците, кои пееле на овој начин. Има различни видови на антифони. Најпознати се изобразителните псалми кои се пеат на литругија, и „Молитвами Богородици“ кој се пее со стихови од псалми.

Тропарот е еден од најстарите облици на песна. Значи трофеј. Тој трофеј ја означувал победата на мачениците. Познат древен тропар е „Христос воскресе из мертвих“. Други познати тропари се „Во Јордање крештајуштусја Тебје Господи…“ – на Богојавление и „Рождество Твое Христе Боже наш…“ – на Божик.

Милош Дрпа

Оставете коментар

2 Comments on "Химнографија"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Објаснивме што се тоа антифони, и што е тоа антифоно (наизменично) пеење, а кажавме нешто и за псалмите и тропарите. Да погледнеме уште три значајни видови на поезија: кондак, акатист и канон. […]

[…] се поколебаат од тоа што ќе го видат во тие денови. Во тропарите на Црквата се гледа оваа вистина. Во еден тропар пееме: „Пред […]

wpDiscuz