Химнографија, втор дел

Објаснивме што се тоа антифони, и што е тоа антифоно (наизменично) пеење, а кажавме нешто и за псалмите и тропарите. Да погледнеме уште три значајни видови на поезија: кондак, акатист и канон.

Кондакот е обемно дело во вид на драма, кое не постои денеска. Ова дело било заменето со слично на него по обемноста – канонот. А од кондакот денеска имаме само песни кондаци, кои се слични на тропарите – ако едниот е возвишен, другиот е длабок, и обратно. Прв и најпознат творец на кондаци е свети Роман Слаткопевец. Најпознат коднак е „Дјева днес…“ – на Рождество Христово.

Акатист буквално означува неседење. Акатистот е најслично дело со кондакот. Се состои од 12 кондаци и 12 икоси. Се чита во Великиот Пост и на повечерие. Има многу акатисти, но по својата содржина само неколку се убави и оригинални, останатите се копии и без вредна поетска содржина, но со голема молитвена вредност.

Канон значи правило, нешто право. Овој збор се користи во црковното право и таму означува закон. Во световната музиката се користи за една посебна музичка форма. А во црковната химнографија, канонот е слично дело на кондакот и акатистот. Канонот има 9 песни. Секоја од тие песни се состои од неколку различни по вид творби. Ирмос, тропар, катавасија и припеви измеѓу нив. Ирмос значи да ставиш во ред. Да појасниме. Ирмосот се пишува во одредена метрика и во конкретна мелодија. Потоа тој ирмос е урнек за тропарите, кои следат по ирмосот. На крајот од секоја од деветте песни следува катавасија, што значи „да слезеш“, бидејќи во тој момент псалтите „слегувале“ од певница и оделе помеѓу двете певници да ја испеат катавасијата.

Други познати облици на црковна поезија се: библиски песни – вкупно 12, прокимен, алиујариј, причесен, полиелеи, непорочни, стихири, ипакој итн.

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz