Хамас користи православен храм за лансирање на ракети

Во разговор со христијанската информативна агенција CBN News, Архиепископот на Газа и Тиверија, г. Алексиј (Ерусалимска Патријаршија), соопштил дека црквата во која неодамна биле прифатени околу 2000 раселени Палестинци – Муслимани, Хамас во моментов ја користи за лансирање на ракети на израелска територија.

Според неговите зборови, владиката Алексиј ги отворил портите на црквата на св. Порфириј за сите: „Христос ни вели дека мораме да ги љубиме сите, и ближните, и непријателите“. Црквата води потекло од 5 век; во моментов, околу 600 палестински бегалци живеат во неа. Од нив, 430 се деца, а дури 117 се бебиња не постари од 30 дена. Според Архијерејот, исцрпени се сите можности за прифаќање на нови жртви.

Муслиманите се чувствуваат многу посигурни во православните цркви во Газа, кои барем за сега, не се цел на израелските минофрлачи.

Некогаш бројната христијанска заедница во Газа се свела на околу 1500, претежно православни Христијани. Од нив, едвај дваесетина дали доаѓаат редовно на богослужби, затоа што се плашат за нивните животи. И бензинот, исто така, е проблем. Мнозинство во моментов се 1.700.000 Муслимани-Сунити.

– Овде владее Исламот, и што и да ни рече Хамас, ние мораме да ги послушаме, или да се соочиме со последиците, – изјавил владиката, изразувајќи ја неговата загриженост за иднината на Газа. – Постои премногу гнев по улиците. Тоа што ни треба е проштевање и љубов.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz