Халоуин или…

А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го – и Бог на мирот ќе биде со вас!

Фил. 4,8-9

Зборот “Hallow” [користен во кованицата Halloween] е древноанглиски облик на зборот свет [holy], додека “een-even” значи вечер [eve]. Онака како што се празнува во Америка, Халоуин се навраќа на една древна паганска религија увезена од Англија, која потекнува од келтскиот фестивал на мртвите што се одржувал на крајот од жетвата.

Ние знаеме и нашите деца ги поучуваме дека се царско свештенство, воспитани да го почитуваат своето достоинство. Како во овој процес помага облекувањето во гротескни костими, плашењето на други деца, навредувањето? Да одлучиме да се согласиме дека за децата е забавно маскиран да се оди од врата до врата за да се собираат мали подароци, под будното око на родителите. Децата сакаат да го прават тоа што сите други деца го прават. И тоа, по себе, може да е добро. Сепак, гледаме дека во овој обичај недостасуваат обележјата што св. апостол Павле ги набројува говорејќи за тоа на што треба христијаните да се посветат.

Маски

Она што е вистинско“ не вклучува гоблини, вештерки, вампири и секакви хорор-фантазми што се присутни на халоуинскиот маскенбал. Навистина, чудно е што денешното општество го маскира дури и епископот на градот што сега е турско морско пристаниште, св. Николај Чудотворец, во една фигура толку лажна, што дури и малите деца не веруваат веќе во него [= Дедо Мраз, Santa Clause, St. Nicholas]. Во Христа, тој е жив и ги слуша нашите молитви заедно со сите светии во Царството Божјо.

Она што е чесно“. Ние знаеме и нашите деца ги поучуваме дека се царско свештенство, воспитани да го почитуваат своето достоинство. Како во овој процес помага облекувањето во гротескни костими, плашењето на други деца, исмејувањето? Да се биде достоен и учтив е обележје на човекот кој е создаден по ликот Божји. Да, знаеме дека има примери за задевање, заплашување, недолично однесување во нашите училишта и соседства, но тоа не може да биде прифатливо однесување за младите православни луѓе.

Она што е чисто“. Што треба родителите и црковните луѓе да сторат за да ја зашитат и чуваат невиноста на нашите деца? Тие се крстени во светост која е духовно заштитена со силата и присуството на Светиот Дух сѐ додека се пазат чисти и слободни од сѐ што е погрешно, изопачено, диво и невредно. Да, ќе има искушенија и ќе биде тешко, но не и невозможно да се сочуваат и да не се предадат на силите на гревот.

Она што е љубезно, она што е добродетел.“ Ајде повторно да погледнеме на заедничката гротескна презентација на грдотијата во толку многу варијации, и уште еднаш ве прашувам – што е целта на сето тоа? Можеби некој тоа ќе го оправда како обид за сожалување на сите ствари и луѓе кои се разобличени, непривлечни и грди. Но, зарем на Божествената Литургија не повикуваме „да се љубиме еден со друг“, без оглед на убавината или нејзиниот недостиг? На овој начин [преку маскенбалот], зарем не се сме во опасност да го изгубиме критериумот за она што е мило, благодатно, прекрасно? Позади обичната козметика, каде е убавата душа, и каде да ја обележиме арената во која секоја духовна привлечност ќе биде добредојдена? Се мачам додека зборувам за овие работи, зашто нашето општество е преисполнето со баналност, себичност, неучтиво омаловажување на оние кои би го заблажиле нашиот свет со божествени обележја кои Господ нѐ повикува да ги стекнеме. Исмејувачот, измамникот, лажгото – сите тие чекорат низ овој свет, со лактите гурајќи ги настрана нежните, милите и благите [по душа].

Само на тоа мислете“, нѐ советува апостолот. Мислете на тоа, не како на нејасен идеал, туку наоѓајте начини како да ги внушите овие добродетели во вашите деца, нивните семејства и нашата Црква. „И Бог на мирот ќе биде со вас.“ Најголемата утеха и потврда на сето она што се изобразува во благодатните обележја на луѓето во Христа, е мирот Божји кој го надминува секое разбирање, оној мир што е ваш, зашто вие сте Негови.

прилагодено од писанијата на отец Владимир Берзонски,
свештеник на Православната Црква на Америка

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz