„Хак“ за подобро расположение?

Модерниот човек сака да се опушти, да се насмее, да се најде во добро друштво, со добро расположение. За подобрување на расположението човекот користи храна, прошетка, филм, музика, но и алкохол, лекови, дрога итн. Психологијата изнаоѓа свои начини за подобрување на расположението (на пример: да се принудиме да се насмевнеме). Пред извесно време модерната технологија излезе со свое решение. Експерти од невро-науката направија уред наречен Thync, кој работи на принцип на електроцефалографија. Уредот го прикачувате на главата и сè што треба да направите е да почекате неколку минути за вашето расположение да се подобри. Секако дека оваа направа сама по себе не е лоша (може да се користи за лечење од зависности и во други медицински цели), но како и сè друго, така и оваа направа може да биде злоупотребена.

Целта во животот на еден христијанин не е доброто расположение, туку обожувањето, впивањето во Божествената љубов. Старец Тадеј вели дека преку мразењето на другиот си го расипуваме сопственото расположение. Затоа нашата цел треба да биде љубовта кон Бога и кон ближниот, а не кон нашето сопствено расположение. Со самиот обид да љубиме, расположението на душата ќе ни биде опфатено со таа Божја љубов.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz