Грчката Црква предупредува за „Цунами од сиромаштија“

Грција ќе се соочи со очајна ситуација оваа есен, со новиот бран сиромаштија поттикнат од нејзината оштетена економија, предупреди гласноговорникот на Грчката Православна Црква во Атина.

Свештенство

Говорејќи со економскиот известувач на Скај ТВ во специјалната програма посветена на грчката финанскиска криза, Костас Димицас зборуваше и за дополнителниот притисок со кој се соочува Црквата, помагајќи ги најзагрозените слоеви од грчкото општество.

– Се наоѓаме на почетокот на бранот. Во овој момент, само што дознавме дека доаѓа цунамито. Од септември ќе се соочиме со него, а веќе следната година ќе ги согледаме резултатите – истакна Димицас, правејќи паралела меѓу разорноста на цунамите со економската криза.
Црквата има организирано неколку „станици за храна“ и прифатилишта низ цела Грција, преку проектот „Мисија“. Од почетокот на кризата, центрите забележале значајно зголемување на бројот на Грци кои побарале помош во ваквите центри.

– Сега, околу 60% од нашите корисници се Грци. Пред две години, статистиките беа обратни. Имавме 25-30% корисници од грчко потекло, и 70% имигранти. Минативе три месеци доставуваме по 10.000 оброци дневно, за да ја ублажиме кризата со која се соочуваат луѓето во Грција. Трагедијата најмногу ги погоди повозрасните слоеви од населението – луѓето над 45 години, кои останаа без работа и се без огледи за ново вработување, и постарите лица кои се соочуваат со потешкотии поради кратењето на нивните пензии.
Црквата, која многумина ја обвинуваат за нејзината нештедливост и нерационално трошење на буџетските пари, ги отфрла ваквите обвинувања:

– Се работи за грчки мит. Црквата ги плаќа сите даноци. На лево ориентираните политички партии, се чини, им одговара да ја префрлаат вината на Црквата.

Г. Димцас нагласи дека од 1952 година, Црквата се откажала од 92% од својот имот на сметка на државата, потег кој државата не знаела правилно да го искористи. Од она што го задржала како имот, 70% е шума, и оттука, не ѝ користи на Црквата.

– Државата не може да бара од нас да вршиме социјална работа целосно на наш товар, а при тоа, да не ни понуди даночни олеснувања – дециден е Димцас.

Атинскиот архиепископ нагласува дека се работи попрво за духовна, отколку финанскиска криза: „Воглавно, кризата е во нашите умови, и е плод на претераното расипништво (консумеризмот) на грчкиот народ. Според моето мислење, тоа е коренот на злото“.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz