Преждеосвештена Литургија: Господи воззвах к Тебе

Додека народот ја стихослови 18-та катизма, свештеникот твори метании пред светиот Престол, го зема претходноосветениот Агнец од дарохранилницата, и внимателно го положува на дискосот, кој е поставен на самиот Престол, врз разоткриениот антиминс. По завршените антифони, ѓаконот ја кажува малата ектенија, по што народот започнува да пее „Господи, повикав кон Тебе…“.

Свештеникот зема кадилница и го покадува Агнецот и светиот Престол. Потоа повторно твори три метании пред Лебот, и кога ќе започне да се пеат стиховите „Положи, Господи…“, го положува дискосот со Агнецот на својата глава, држејќи го со двете раце, и чекорејќи околу Престолот го пренесува на Жртвеникот. За тоа време, ѓаконот оди и кади пред свештеникот. Во некои парохии за ова време сиот верен народ коленопреклоно се моли.

Свештеникот го положува дискосот, заедно со Агнецот на предложението, и во путирот налева вино и вода; ги покрива светите садови со покривалата, кадејќи ги, и не говорејќи ништо, освен, при ставањето на воздухот, кога вели: „По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе Боже наш, помилуј нè. Амин“.

Господи воззвах к Тебе

Господи воззвах к Тебе

Откако ќе ги покади претходноосветените дарови на предложението, свештеникот се враќа пред Престолот, го собира антиминсот и врз него го положува Евангелието, а ѓаконот го кади Престолот, олтарот и сиот храм. После тоа следи Входот со кадилница. Ако на Литургијата се чита и Евангелие (на празникот на Откривањето на главата на св. Јован Кристител, на денот на светите Четириесет маченици, празник на храмот, како и во првите три дена од Страсната седмица), тогаш овој Вход се врши со Евангелие.

Поврзано: Сега Силите Небесни со нас невидливо служат…

Оставете коментар

1 Comment on "Преждеосвештена Литургија: Господи воззвах к Тебе"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Преждеосвештена Литургија: Господи воззвах к Тебе […]

wpDiscuz