Од Националната архива на Австралија: дипломатско-црковна грчка заседа од 1960 г.

Со отворањето на Националната архива на Австралија (врска: http://www.naa.gov.au/), на јавноста од целиот свет ѝ се овозможи пребарување низ австралиските владини записи, како и документи од различните владини министерства, агенции и сектори.

Еден од документите кој стана достапен е и, како што информира порталот МКД.мк (врска: http://mkd.mk), барањето што на 14 јули 1960 година било испратено до Министерот за имиграција, Сер Александар Р. Даунер, од страна на грчката Свештена Архиепископија на Австралија и Нов Зеланд, односно Архиепископот г. г. Езекиил.

avstralija-1

Во него се вели:

– Ме информираа дека водачите на таканаречената „Македонска Православна Црква“ во Мелбурн се обидуваат во оваа земја да донесат еден свештеник од некаде зад Железната завеса. Бидејќи македонскиот народ од Мелбурн е всушност грко-православен народ што доаѓа од грчката провинција Македонија, сметаме дека тие се под јурисдикција на нашата Архиепископија, која пак е секогаш подготвена да им помогне околу нивните религиски или црковни проблеми. Оттука, би сакал да Ве замолам Вас и Вашиот оддел да ни помогнете во оваа мошне тешка ситуација, применувајќи го принципот дека ниту еден грко-православен свештеник не може да влезе во оваа земја без наше знаење и одобрување.

avstralija-2

На ова писмо грчкиот Владика добил одговор после 4 дена, кое исто така е достапно за преглед. Во одговорот на Блажениот Архиепископ му било укажано дека процесот на издавање визи за македонски свештеници ќе оди според вообичаени услови, и дека при издавањето на дозвола австралиското Министерство не нашло врска меѓу македонската православна заедница во Австралија и Грчката Црква.

Коментар на ваквите византиски игри, сметаме, не е потребен.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz