Генетски модифицирани организми (ГМО)

Остварување на еден научен сон

Кон средината на деведесетите години, генетско модифицираните организми (ГМО) влегоа во комерцијално производство и употреба. За тоа што претставуваат ваквите организми и како настануваат, разговаравме со проф. Д-р. Миодраг Димитријевиќ, од Катедрата за генетика при Земјоделскиот факултет во Нови Сад, Србија.

ГМО

• Професоре, Ве молиме, накратко да ни кажете што се тоа генетски модифицирани организми (ГМО) и како настануваат.

Генетски модифицираните организми се такви организми кои никогаш спонтано не би настанале во природата. Тоа се, значи, организми кои настануваат со свесно делување на човекот во лабораторија. По излегувањето од лабораторија, тие своето место го наоѓаат или во светот на микроорганизмите, или во светот на повисоките организми. ГМО не познаваат граница: се ради за еден механички трансфер на гени од организмот кој го дава генот (донор) во организмот кој истиот тој ген го прима (акцептор), преку техники кои не познаваат никакви бариери; на тој начин, буквално, може да се земе било кој ген од било кој организам, и да се вметне во генетската основа на некој друг организам. Еве еден пример: од рибата иверка, која живее во северот од Атлантскиот Океан, се изолирани гените кои се одговорни за добро поднесување на ниски температури, и преку техниката на генетски инженериг, овие „антифриз“ гени се вградени во доматот, со што се продолжува сезоната за одгледување. Ова е сè уште во фаза на лабораториски истражувања. Во Северна Америка се експериментира со лосос, во кој што е вграден човечкиот (hGH) ген одговорен за создавање на хормонот за растење, и на тој начин се забрзува растот и се зголемива големината на лососот. Човечкиот ген за хормон на растот (rBGH), исто така се внесува и во геномот на крави и свињи. Уште еден пример за делување на внесени човечки ген е и кравата Роуз. Кај оваа крава е внесен ген за лактација земен од женскиот организам, за да се добие млеко со хемески состав најблизок до мајчинскиот. Резултатот е постигнат со 96% успешност. Од овие пример се гледа дека тука нема ниту таксономски сродности, ни бариери во врска со оплодувањето: гените можат да се префрлаат од микроорганизми во луѓе, растенија, од животни во билки – значи, можно е да се оствари било каква релација.

• Денес, кои се најсовремените можности кои ги нуди генетскиот инженеринг?

Генетскиот инженеринг на човекот му овозможува да го запознае микрокосмосот кој постои во нас, зашто системот на наследување е токму тоа – еден космос кој секој од нас го носи во себе, една гиолошка меморија со исклучителна моќ, која мора да биде поврзана со макрокосмосот. Генетскиот инженеринг ни овозможува да навлеземе во тајните на животот, зашто со запознавањето на генот, таа книга на памтење, во секој случај дознаваме многу подетално кои сме и од каде сме. Сите ние носиме генетски информации од првиот пар, Адам и Ева, и кога би ја маринискринувале ДНК, тогаш би дошле до гените на првиот пар.

Кога се појави идејата за генетска модификација на организмите, ветувањата беа навистина големи. Се сметаше дека ГМО ќе ни овозможат да добиеме храна со поголема нутритивна вредност, дека ќе добиеме храна со определени карактеристика погодна за луѓе кои заради алергија или од други причини не можат да ја конзумираат вообичаената храна. Се сметаше дека ќе се добие овошје кое ќе произведува вакцини, и така децата и возрасните ќе можат полесно да се вакцинираат: јадете банана, и сте се вакцинирале! Потоа, се очекуваше дека ќе се одгледуваат животни со органи кои се погодни за трансплатација, кои не би биле отфрлени од човечкиот организам.

Потоа, се сметаше дека ќе се добијат градинарски производи кои би успевале и во органичени услови на градинарско производство. Се очекуваше и дека ќе се добијат микроорганизми кои ќе овозможат евтино производство на лекови, хормони и слично. Имено, прво се започна со микроорганизмите. Првите ГМО беа микроорганизми кои произведуваа инсулин. Тие го произведуваат многу поевтино отколку порано, па со самото тоа и попристапно. Денес дојдовте до фазата кога ГМО најчесто се користат во градинарството.

• Зошто е важно да ги познаваме ГМО?

Кога станува збор за генетските модификации во врска со производството на лекови, со цел да ги направат поефикасни и подостапни, тогаш луѓето не се бунат против ГМО. Меѓутоа, кога се работи за ГМО во храната, тогаш луѓето се поделени, па едни ги прифаќаат, а други ги одбиваат. Вистина е дека во случајот со лековите имаше, како што се вели, акциденти, и се случуваше да се појават болести поврзани со употребата на генетски модифицираниот триптофан. Кај 1.500 луѓе кои ги користеле ваквите лекови дојде до различни болести и тескоби, а некои од нив дури и умреа. Бидејќи сојата често се користи како состојка во прехрамбената и кондиторската индустија, пологично е луѓето да бидат внимателни во врска со нејзината генетска модификација. Добро е да се има информации за ГМО, но истовремено е многу тешко да се добие вистинска информација за истите. Експертите, воглавно се поделени, и едните се a priori за, а другите a priori против. Кога работиме со генетски материјал кој десетици милиони години бил стабилен, наглите акции многу често предизвикуваат неизвесни реакции. Затоа е важно луѓето да читаат за тоа и да изградат свое мислење, свој став. Факт е дека во Европа, како и во поголемиот дел на светот, ставот за генетски модифицираната храна е негативен, и затоа е важно генетски модифицираните производи да бидат соодветно означени, за самите потрошувачи да можат да донесат одлука дали ќе ги купат или не.

• Какви би биле последиците од генетската модификација врз природата и луѓето, и дали постојат истражувања во таа насока?

Истражувањата се контроверзни и зависат од тоа кој ги финансира. Ако истражувањата потекнуваат од лоби-групите кои се залагаат за ГМО, тогаш резултатите одат во прилог на нив. Според нив, се работи за продолжена еволуција, и сето тоа, помалку или повеќе ионака би се случило; зошто тогаш, науката да не го забрза истиот процес во лабораторија? Меѓутоа, тоа е лага, тоа никогаш не би се случило, затоа што не постои теоретска шанса рибата да се вљуби во еден домат и да добие потомци! Постојат цели студии за алергиите кои се предизвикани од користењето на генетски модифицираната храна.

• Кое е вашето мислење, од етичка гледна точка, за ГМО?

Најнапред, од каде смелост кај човекот, и кој му ја дал власта да го прави тоа? Етиката во науката е тема сама за себе. Мендел бил свештеник, и неговите толкувања за тоа време биле многу напредни, и овозможувале основа за ткн. генетски детерминизам. Односите на поделба во генетиката овозможуваат основа генот да биде сфатен механистички, како една изолирана единица на наследување, што и е дефиниција за генот. Меѓутоа, секој кој има било каква професионална врска со науката, знае дека во природата ништо не се случува случајно. Сè се случува поради некоја причина, а прашање е дали таа причина ние можеме да ја увидиме или не. Во природата постојат од Бога зададени бариери. Кој е човекот, што се обидува да ги руши тие бариери, и какви се последиците од таквото негово мешање во природата? Дали навистина се работи за човечка смелост за промена на Божјиот ред, тоа останува на читателите да оценат.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz