Родов мејнстрим: културна револуција

Пикасо

Позади очите на јавната свест, постои една културна револуција, која се подготвува да го измени највнатрешното јадро на социјалната структура на нашето општество. Се работи за поништување, чекор по чекор, на идентитетот на мажот и жената; сексуалните стандарди и социјалните форми засновани на бракот, семејството, мајчинството и татковството. Оваа културна револуција е наречена родов мејнстрим [Gender Mainstream].

[Терминот] мејнстрим значи земање на еден концепт и создавање на „главна струја“ од него во општеството, преку активна политичка акција: создавање на новата „родова личност“. Пред ваквото претолкување, родот беше граматички термин со кој се опишуваше видот на еден збор како машки, женски или среден, додека полот го означуваше женскиот или машки идентитет на жената, односно мажот [соодветно]. Родовата перспектива е аболицирање на овој идентитет. Тоа е еден затворен систем на убедување кој ја наметнува тезата дека диференцијацијата на два пола е само еден општествен конструкт. Биолошката различност би била безначајна за идентитетот на човекот и неговата/нејзината сексуална ориентација, така што „општествениот пол“ би можел да биде различен од биолошкиот. Избирањето на сопствениот пол и сексуалната ориентација би припаѓала во доменот на персоналната слобода на секој човек. Не би постоеле два пола, туку најмалку шест: маж и жена, и секој од нив во една хетеросексуална, хомосексуална или бисексуална верзија. Се работи за создавање на човек „еманципиран“ од природата.

Оваа контрола на вистината, занемарување на природата, својата философска позадина ја црпи од релативизмот кој ја негира перцептивноста на објективната вистина. Утопијата на Маркс и Енгелс за општество без класи кое тежнее кон еднаквост на сите луѓе, исто така, е вкоренета во оваа идеологија. Енгелс напишал: „Првата класна разлика која се појавила во историјата коинцидирала со развојот на антагонизмот меѓу мажот и жената во моногамниот брак и првата класна опресија [обесправеност] со супресијата [задушувањето] на жените од мажите“. Симон де Бовоар не била задоволна со борбата за еднаквост меѓу мажот и жената, туку се трудела да го негира самото битие на мажот и жената во нивниот биолошки пол. Таа ја сковала познатата изрека, „Жената не се раѓа, туку се претвора во жена“. Карактеристично е за нашето време да ја нагираме егзистенцијалната, општествената и културна важност на биолошкиот идентитет на нашиот пол преку социјалниот инженеринг, и произволно да го анулираме идентитетот на мажот и жената кој бил историски граден преку илјада години, преку една културна хиерархиска револуција.

Кога биолошкиот идентитет на мажот и жената е деконструиран, не постои ништо што би ја спречило деконтструкцијата на општествените улоги и институции. Бидејќи не постои општествена област која е слободна од влијанието на биполарната половост, сите области се мета на деконструкцијата: бракот, семејството, татковството и мајчинството, одгледувањето [деца], јазикот, работата, културата, религијата. Ова е наречено бришење на родот [undoing gender].

На Четвртата женска конференција на Обединетите нации во Пекинг во 1995 година, беше усвоена „акциона платформа“ која според меѓународното право не е обврзувачка, но која беше потпишана и имплементирана преку конкретни политички чекори од 191 земја во следните 10 години. Една од целите на оваа платформа е еднаквоста [50:50] на мажите и жените во сите животни полиња поврзани со трудот. Жените мора да заземат педесет проценти на сите работни станици, но и лидерските позиции, и мажите треба да се принудат да покриваат педесет проценти од грижата за деца. Легитимната загриженост за еднаквост на можностите е поставена наспроти женскиот идентите преку принудна фактичка еднаквост. Различноста се претолкува како нееднаквост, а нееднаквоста како неправда.

Желбите и личните визии на мажите, жените и децата не се важни за идеолозите. Зборовите како брак, семејство, мајка, татко или деца не се ниту спомнати во документите на „акционата платформа“. Родовиот мејнстрим на секоја жена ѝ го наметнува идеалот на вработената жена без семејни обврски. Договорот од Амстердам од 1999 година [членовите 2 и 3] говорат за „изедначување на жените и мажите“ и „елиминација на нееднаквоста“; Документот за основни права од Ница [2000 година] веќе ја постави „гаранцијата на еднаквост меѓу жените и мажите“ како своја цела [член 23]. Но, мажите и жените не се еднакви [и мажите и жените имаат различни природи кои со причина се различни].

На 11 јануари 2006 година, Европскиот Парламент ја усвои „Резолуцијата за хомофобија во Европа [B6-0025/2006]. Хомофобијата како „аверзија кон хомосексуалноста и кон лезбејките, геј, бисексуалните и трансродови луѓе“ е ставена на истно ниво со расизмот, ксенофобијата и анти-Семитизмот. Нееднаквите нешта се воедначени меѓу себе. Сексуалноста, за разлика од расата, имигрантскиот статус или религијата – ѝ припаѓа на морално-нормативната сфера, за која во едно слободно општество секоја личност, според сопствениот живот“, треба да биде слободен да одлучува. Резолуцијата продолжува, „потребна е дополнителна акција на европско и национално ниво за да се искорени хомофобијата“ преку „образованието, како на пр. со кампањи против хомофобијата во училиштата, универзитетите и медиумите, но и преку административни, правни и законски средства“. На овој начин се криминализира секоје противење на активната хомосексуализација во едно општество.

Триумфалната процесија на родовиот мејнстрим почнувајќи од 1995 година е неспоредлива. На повеќето западни универзитети се предава родовата теорија. Во сите владини бирократии и институции е присутен нејзин застапник. Голем дел од средствата на ЕУ и нејзините членки се користат за родови проекти. Се води вистинска борба за следната генерација. Во тој контекст, сексуалното образование има клучна улога. Учениците од основните училишта веќе се анимирани за рани сексуални искуства преку зборовите и сликите [употребени] во официјалните силабуси, и се обучуваат да бидат експерти за контрацепција и абортус, како непроблематични опции.

Родовата идеологија е повторување на гревот на Просветителството – идеалот на научната рационалност. „Научните аспекти“ на родовата теорија се ексклузивно засновани на фактот дека излагачите на оваа теорија, речиси сите жени, ги држат академските позиции. Тие ги запоставуваат резултатите од истражувањата на мозокот, во социологијата и психологијата, кои ја посочуваат неспорната различност и потребата за дополнување меѓу машкиот и женскиот пол.

Идеолошкиот карактер на родовиот мејнстриминг се покажува во своите недоследнот. Се води борба против бракот меѓу мажите и жените, а [истовремено] законски, заедничкото хомосексуално живеење се воздигнува на ниво на брак. Родовиот мејнстрим се бори против семејството, а го наметнува правото на хомосексуалните парови да посвојуваат деца. Полот и сексуалната ориентација се манифестираат како нешто што секој треба слободно да го избере, а сакаат да ја елиминираат секоја информација за терапевтските можности за промена на хомосексуална склоност.

Родовиот мејнстрим е културна револуција со тоталитарни ставови, преку кои се остварува деструкцијата на семејството, а на тој начин уште повеќе ја замрачува иднината на следната генерација.

Gabriele Kuby

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz