Фрагмент за молитвата „Оче наш“

Оние што се откажуваат од Христа и од Неговата молитва, свесно или несвесно, оние коишто живеат егоцентрично и себељубиво, кажуваат една друга молитва:

– Не велат: „Оче наш Кој Си на Небесата“, туку велат: „ Мое јас, тебе те имам за бог на земјата“.
– Не велат: „Да дојде Царството Твое“, туку: „Да дојде царството мое“.
– Не велат: „Да биде Волјата Твоја“, туку: „Да биде волјата моја“.
– Не велат: „Лебот наш насуштен дај ни го денес “ туку: „Материјални богатства со луксуз и раскош јас обезбедувам за себе“.
– Не велат: „И прости ни ги долговите наши како што и ние им ги проштеваме на нашите должници “, туку велат: „не барам од никого простување, ниту му простувам на некого“.
– Не велат: „И не воведувај нè во искушение, туку избавие нè од лукавиот“, туку: „ги барам сите дозволени и недозволени уживања, а ја мразам секоја жалост“.
– Не велат: „Зашто Твое е Царството и Силата и Славата“, туку: „зашто мое е царството и силата и славата“.

Но, не само на оние што се одрекуваат од Христа, туку и нам христијаните ни се случува да имаме некогаш искушенија и падови во овој егоцентричен, индивидуалистичен и ѓавоски живот.

Архимандрит Георгиј Капсанис

„Господовата молитва“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz