Фото-сторија: Кацхијскиот столпник

Грузискиот монах Максим веќе дваесет години живее на монолитната варовна карпа во Имеретија, која од локалното население уште во пред-христијанско време била почитувана како место во кое човекот може да се приближи кон Бога.

Црквата која се наоѓа на врвот на карпата била изградена меѓу 6-от и 8-от век. Кога повторно била откриена во 1944 година, од неа биле останати само темелите. Новата црква, изградена како плод на трудот на монахот кој се подвижува на столбот го носи името на св. Максим Исповедник. Тука, во тишина и осаменост Максим поминува ден по ден. За да се симне од карпата, на отец Максим му се потребни околу 20 минути, а за да се искачи повторно – малку повеќе.

„Тишината што царува тука дозволува да се почувствува Бог“, вели монахот Максим.

Неговото отшелништво го нарушуваат единствено свештениците и проблематичните тинејџери кои доаѓаат во манастирот во подножјето на Кацхијскиот столб.

Отец Максим станал монах по излегувањето од затвор. Тој сакал да се измени и решил да го продолжи делото на столпниците кои се подвизувале на тој столб до доаѓањето на Турците во Грузија во 15 век. После тоа, неколку века на Кацхијскиот столб човечка нога не стапнала, сѐ до 1944 година, кога една истражувачка група, предводена од алпинистот Александар Џапаридзе и писателот Леван Готуа, ги открила остатоците од древниот храм.

„Во младоста многу пиев и препродавав дроги. Кога сето ова доведе до тоа да завршам во затвор, јас сфатив дека мора да се променам. Во минатото, со моите другари пиевме по ридовите околу Кацхијскиот столб. Знаевме дека во минатото некогаш тука живееле монаси“, се присетува монахот.

Во 1993 година тој се искачил на столбот Кацхи и две години живеел под една платнена тенда. Потоа, ближните парохии решиле да изградат црква на столбот, и еден вид на скалила за движење, како и помало скитче.

Денес кон отец Максим прибегнуваат луѓе кои бараат совети од животните беспаќа со кои се соочуваат. Еднаш или двапати неделно тој се спушта од столбот за да позборува со нив и да им ја даде толку потребната утеха.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz