Фото галерија: Моштите на св. Никола во Бари

Како што читаме од денешниот Пролог, дeнeс сe слави прeнoсoт на мoштитe на св. Никола во Бари, меѓу народот познат како св. Никола Летен. Вo врeмeтo на царoт Алeксeј Кoмнeн и патријархoт Никoла Граматик, вo 1087 гoдина, тeлoтo на oвoј свeтитeл билo прeнeсeнo oд градoт Мир Ликиски вo градoт Бари, вo Италија. Тoа сe случилo пoради навалата на муслиманитe на Ликија. Свeтитeлoт на сoн му сe јавил на нeкoј чeсeн свeштeник вo Бари и му нарeдил мoштитe да сe прeнeсат вo тoј град. Вo тoа врeмe градoт Бари бил правoславeн и пoд правoславeн патријарх. При прeнoсoт на мoштитe на свeтитeлoт сe случилe мнoгу чуда какo oд дoпирoт дo мoштитe така и oд мирoтo, кoeштo изoбилнo сe тoчeлo oд мoштитe.

Дел од историчарите ја оспоруваат оваа „блага“, според нив, верзија на овој настан. Според нив, се работи за класично искористување на лошите политички положенија на Источното Царство од страна на латинскиот Запад, и флагрантен грабеж на чесните мошти на св. Никола.

Кое од овие читања на историјата е поавтентично не е ни толку важно. Она што е извесно е дека Бог и во двата случаи допуштил моштите да бидат пренесени, и на тој начин сочувани од наездата на муслиманите (инаку, моштите би ги снашла слична судбина како онаа со која се соочуваат светињите во Сирија денес, кои секојдневно се оскверуваат и рушат од страна на Исламската држава).

Голем број на православни верници од Македонија секоја година одат на поклонение во Бари. За оние кои не биле, пренесуваме неколку фотографии.

Оставете коментар

1 Comment on "Фото галерија: Моштите на св. Никола во Бари"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Фото галерија: Моштите на св. Никола во Бари […]

wpDiscuz