Флешмоб во Швајцарија за поддршка на Христијаните од Блискиот Исток

Швајцарските медиуми јавуваат за флешмобот што се случил на централната улица во главниот град на Швајцарија, Берн, минатата сабота, во знак на поддршка на Христијаните од Блискиот Исток.

На звучен сигнал, 400-те учесници паднале на нивните колена. Некои од нив носеле маички со арапската буква „Н“, со која радикалните исламисти од Исламската држава ги обележале домовите на Христијаните во Ирак. Со лисици на рацете, тие неколку моменти стоеле неподвижно на нивните колена, а потоа ја испеале песната «Von guten Mächten wunderbar geborgen», песна-молитва напишана од швајцарскиот лутерански пастор и анти-нацистички херој Дитрих Бонхефер, кој бил убиен од нацистите.

Истиот ден се одржал и марш низ улиците на стариот дел од Берн. На неколку пунктови низ градот биле поставени штандови со информации за анти-христијанското насилство на Блискиот Исток.

Врска: http://www.verfolgung.jetzt/

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz