Фијаско на протестите за анти-хомофобија во Грузија

Илјадници православни клирици и лаици го попречија одржувањето на протестот организиран како дел од одбележувањето на меѓународниот ден протиф хомофобијата (17 мај) во Тбилиси, Грузија. Во судирот меѓу двете спротивставени страни биле повредени најмалку 28 лица, а 14 од нив биле хоспитализирани. Меѓу повредените има и новинари.

Поглаварот на Грузиската Црква, а воедно и највлијателна личност во Грузија, неговата Светост патријархот Илија II, изјави: „Не го поддржуваме насилството, но хомосексуалната пропаганда не смее да се дозволи. Хомосексуалноста е болест и грев.“

Во изјава за Асошиејтед Прес, отец Јоан (православен свештеник) вели: „На народот не му се допаѓа пропагандата што ја наметнуваат малцинствата. Кога истите луѓе сакаат уште и да протестираат, тогаш имаме проблем. Нема да дозволиме ширење на неморалноста, тоа е спротивно на традиционалните вредности на грузиското општество“.

Истовремено, грузискиот Парламент изгласа поддршка за правата на малцинствата. Во соопштението за јавноста на премиерот Биџина Иванишвили се вели: „Правата на ЛГБТ заедницата се човекови права. Грузија има долга историја на толерирање на своите малцинства. Мојата Влада ќе ја спроведе волјата на народот на Грузија, истовремено непроменливо посветувајќи се на европските вредности како еднаквоста, демократијата и владеењето на правото.“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz