Порака на Патријархот Вартоломеј на отворањето на Светското првенство во Бразил

Со голема радост одговараме на благонаклонетата покана на Нејзината Екселенција, г-ѓа Дилма Русеф, честитата Претседателка на Федералната Република Бразил, да произнесеме една кратка порака по повод церемонијата на отварање на ФИФА Светското првенство во убавата земја некогаш позната како „земја на светиот крст“.

Постојат манифестации во човечката цивилизација кои се издигнуваат над човекотворните ограничувања. За ваквите настани секогаш се сметало дека го надминуваат редот на човечките, и посегнуваат по божествените сфери. Меѓу нив, уште од античко време, атлетиката и спортот се покажале како вдахновени и благословени од небесата, изложувајќи го нагонот на човечките созданија да посегнат над и зад нивната дадена природа.

Од овој аспект, современиот спорт и натпреварување ја има способноста да се издигне над расната и културна дискриминација, како и над финансиските и политички разлики, истовремено придонесувајќи кон социјалната стабилност и глобалниот мир. Најпосле, автентичниот спорт промовира толеранција, дијалог и помирување меѓу заедниците и земјите.

Како и да е, отаде овие возвишени цели и вредности, организираниот меѓународен спорт треба истовремено да се сеќава на оние кои се лесно незабележани или превидени во возбудата и возхитот од настаните кои ги вклучуваат најврвните светски спортисти, а се поддржани од моќни компании. Секако, мислиме на сиромашните и ранливите, кои честопати се на границите од или се повредени од истиве меѓународни настани.

Скрушено се молиме и горешто се надеваме дека ФИФА Светското првенство ќе придонесе кон светскиот мир и стабилност, и истовремено ќе биде од помош за најсиромашните меѓу сиромашните во земјата домаќин – Бразил, и низ целиот свет.

Вартоломеј,
Архиепископ на Константинопол – Новиот Рим
и Вселенски Патријарх

Оставете коментар

1 Comment on "Порака на Патријархот Вартоломеј на отворањето на Светското првенство во Бразил"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
a бе, а бе… исто како да ги слушам зборовите на свети Игнатиј Богоносец… па да, во првите векови христијаните беа спортски јавни личности, постојано учествуваа во јавните натпревари што ги приредуваа незнабожците по тогашните стадиони… с`е во инстерес на тогашниот мир во светот и забава на тогашните најниски слоеви, како утеха во нивната сиромаштија (за среќа тогаш немало пластика, инаку во својата агенда ќе ја вклучеле и екологијата и борбата за сдрава животна средина)… ај… ај… сите работи се средија, па остана уште мирот во светот, и здравата животна средина… во едно соседство овие две работи биднаа и доволна… Read more »
wpDiscuz