Фјодор Јемељаненко: Покрај телото, треба да се вежба и духот

Еден од најголемите шампиони во мешани боречки вештини, Фјодор „Последниот Император“ Јемељаненко, во едно скорешно интервју одговара на интересни прашања: како да се вежба духот, како се родила неговата вера, но и какво било неговото детство и како тој смета дека треба да се одгледуваат децата.

Еднаш изјави дека Православието лежи длабоко во тебе. Ме интересира, кои беа твоите чекори откако го посети Свето-Троицки Серафимо-Дивеевскиот манастир во Нижни Новгород? Како се развија твоите верски чувства, како еден обичен покрстен руски човек?

Откако го посетив манастирот, го почувствував Божјото постоење, и сфатив дека е потребно да водам поинаков живот, дека не смеам да продолжам да живеам како што дотогаш живеев. И претходно сум зборувал за ова. Мојот прв чекор беше да сфатам дека не знам ништо за Православието. Живеев во православна земја, бев окружен со цркви, но никогаш не влегував во нив. Не се трудев подлабоко да ја разберам религијата. Прво се заинтересирав за православната литература, се обидов да читам православни книги. Значи, бев во манастирот, започнав да одам во црква, и тоа ми ги отвори очите. Некои луѓе влегоа во мојот живот, кои беа запознаени со религијата. Овие луѓе знаеја како и што да се прави во животот.

За мене, а сигурен сум, и за многумина, ти си многу добар пример за еден силен, умен и смирен воин. Што, според твоето мислење, е духовна сила и како човек може да ја развие таквата способност?

Па, како и телото, и духот треба да се тренира. Мислам дека е неопходно духот да биде посилен. А за оној кој верува, сè е можно. Еден верник, дури и со здравствени, или други проблеми, ако има силен дух, никогаш нема да биде слаб. Тоа се луѓе кои можат и планини да преместат.

Како ти го зајакнуваш твојот дух?

Ако човек верува, тој може да сè да направи. Спортистот го тренира и својот дух. Постојат ситуации кога мора да се принудиш себеси да направиш работи за кои реално немаш сили да ги направиш. Во таквите ситуации требаш да се надминеш себеси. Значи, дури и да немаш сили, можеш да се надминеш себеси и своите проблеми. Со духот можеш да одиш напред. Оди и победувај. И направи добри дела. Нашата цел е да се поврземе со Бога, и да одиме со Него. Бог ќе ни даде сила.

Фјодор, што можеме ние, како руски граѓани, да направиме на помладите генерации, за тие да израснат во здраво тело и здрав дух?

Одговорот е јасен, да живееме според Заповедите. Секој треба да го сака тоа. За секого правилата мора да бидат јасни. Овие правила се напишани од Бога. Ако сакаш да живееше во мир и заедница со другите, прво мораш да живееш согласно твојата совест. Не е можно добро да живееме ако им посакуваме лошо на другите. Луѓето ќе се однесуваат со тебе онака како што ти се однесуваш со нив. Невозможно е да живееш добро, и истовремено да ја крадеш својата земја, или да лажеш. Не можеш да создаваш семејство ако истовремено блудничиш. Овие работи не одат во комбинација. Токму затоа треба да живееме според Заповедите, и да им посакуваме добро на ближните. Однесувај се кон твоите најблиски и кон другите онака како што сакаш тие да се однесуваат со тебе. Во овие лоши времиња, општото лудило се гледа со очи. Многумина се поматени, а ние мораме да останеме тоа што сме и да не дозволиме другите да ни влијаат. На крај Бог ќе побара сметка од секој еден од нас за нашите гревови и престапи.

Како влијание имаа твоите родители врз тебе и твојот поглед кон спортот и општеството? Дали ти даваа голема слобода на избор, или ти го покажаа патот по кој да одиш? Со други зборови, дали ти самиот го создаваше твојот живот, или со помош на родителските совети? Што мислиш, какви грешки прават родителите при воспитувањето на нивните синови, зашто денешните момчиња не знаат да се однесуваат како мажи? Имаше ли разлика меѓу твоето, и воспитувањето на твојот брат Александар?

Па секако дека моите родители ме воспитуваа, важно е сите родители да го прават тоа. Најголемиот проблем во нашата земја е што поминуваме премалку време со нашите деца. Некои родители го минуваат времето бивајќи зафатени со телефонски разговори, пред компјутер или телевизор, наместо да им посветат внимание на нивните деца. Денешните родители неправилно ги воспитуваат нивните деца.

Јас бев воспитуван, но не на религиозен начин. Моето семејство е православно, но ние никогаш не одевме в црква. Но, живеевме според општите принципи, секогаш ми беше објаснувано што е добро, а што лошо, секогаш ме учеа да ги почитувам постарите. Во тоа време дури и училиштата нè учеа нас, помладите, да ги почитуваме и да им помагаме на постарите. Еден вид на јерархија. Во сите книги, преку сите приказни ни велеа да правиме добро, а злото секогаш беше осудувано. Некако јасно се подразбираше што е добро, а што лошо, а не како денес. Денес злото се претставува како добро, и обратно. Неопходно е да се поучуваат децата, да им се покаже правиот пат.

Најнапред треба да бидеш добар пример. Ако ти не живееш на прв начин, и твоите деца нема да живеат.

Очигледно, мојот живот не беше создаден од мене самиот. Моите родители ми дадоа избор. Што се однесува до мојата професија, секако дека тоа беше мој избор. Мој начин на живеење, мој избор. Природно, моите родители понекогаш ме советуваа. Јас мојот спорт го избрав кога имав 11 години. И тогаш одлучив да живеам од спортот.

Кога зборуваме за воспитување на мажи, мислам момчиња, ние мора да му објасниме на младиот човек, уште како мал, дека има семејство за коешто тој е одговорен, и татковина, што треба да ја брани. Овие вредности тој треба да ги научи како мал. Еден маж не смее да гледа на отслужувањето на војниот рок како нешто што треба да го одбегне. За кога татковината ќе го повика, тој да одговори: „Тука сум да ѝ служам и да ја бранам мојата татковина“.

Што се однесува до брат ми Александар, како да речам, моите се мачеа. Моите родители се разведоа и тоа за Александар беше тежок период. Тој порасна на улица.

Не смееме да заборавиме дека воспитувањето на деца придонесува за општеството, училиштата и спортските клубови. Под ова сметам дека окружувањето на децата е она што ги воспитува. Ќе повторам уште еднаш, улогата на родителите претставува голем дел во животите на децата. Значи, тие треба да ги научат по кој пат да тргнат, да им објаснат некои работи, што е добро и што е лошо. Децата ќе видат зло и неправда во овој живот. На овие нешта ти мора да реагираат на добар начин, и да направат добри избори. Мислам дека тоа е патот.

Преземено и преведено од CombatBear

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz