Фашизам облечен во Православие

Тоне ли руското општество во она што опозицијата во Руската Федерација го опишува како фашизам маскиран во побожна православна маска? Авторот на седумнаесетминутниот видео клип кој деновиве стана популарен на интернет е убеден во ова, и прави сè што може во истото да ја убеди и многубројната публика.

Дали пасхалниот поздрав треба да се извикува како додаток, декорација на фашистичкиот поздрав? И, дали тоа што „Со нас е Бог“ ни дава право да тврдиме дека и ние сме со Него?

Православни фашисти
Православни фашисти

Кога од живиот Бог ќе направиме мртов идол, кога од живата вера ќе направиме идеологија и кога од живото благовестие ќе направиме платформа, тогаш се соочуваме со православен фашизам. Тоа е природен след, и останува само да ги слечеме фашистичките маички за овој пат да облечеме маички со натпис ‘Ορθοδοξία ή Θάνατος’. За да бидеме побожни.

Христос воскресна!

Оставете коментар

7 Comments on "Фашизам облечен во Православие"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Аман бе човеци…

Коментарот е строг, но сепак е во правилно време. Да не дозволувааме, браќа, нашето православие вака да се валка, од некаквиси фашисти, па макар и да се руси. Треба да се реагира, да се одбрани чистотата, како од западните сили, така и од самите источни православни народи!!!! Во историјата најмногу православните императори ја унизувале црквата и верата, и ја злоупотребувале за свој профит. +++

Низ историјата постоеле секогаш, а и ќе постојат до крајот на веков, разни појави на „унизување на Црквата и верата, и злоупотребување за свој профит“- како што се вели погоре, но апсолутно не е на место забелешката ’дека тоа најмногу биле православните императори‘. Човечката природа е падната, и ако не се живее правилен духовен живот, ако нашиот живот во Црквата не е заради лечење на нашата душа во Христа и излекување од гревот, страстите и смртта, сигурно ќе се појавуваат разни видови на погрешни пристапи, и тие во никој случај не треба да се поврзуваат со социјалниот статус, со местото… Read more »
Кикерон (Цицерон) еднаш ја спаси римската република од заговорот на Катилина (еден намразен низ римската историја лик на похотливец и жеден за тиранија-слично на модерниот нивни Хитлер), па потоа сите свои наредни грешки, пред сенатот ги бранеше велејќи: „се сеќавате како тогаш и тогаш го спасив сенатот од тиранинот Катилина, како сега заборавате на мене Кикерон кој ве спасив, и сега ме обвинувате!? Така прават и денешните Евр(опјан)и со Фашизмот… секое свое недело го бранат со тоа што на спротивната страна вообразуваат и замислуваат Фашизам… и не само тоа, ами и другите ги убедуваат во тоа… и со секоја генерација… Read more »
Христос воскресна, отец! За очекување беше дека видеото и коментарот ќе испровоцираат реакција. Сепак, идејата беше да се покаже една аномалија (мала ли е, голема ли е, неважно) со која се соочува Црквата (а и светот) денес. Тајмингот и контекстот си го направија своето. Нејсе. Не го гледам гревот во јавното говорење и пишување за ваквите аномалии. Ако ништо друго, барем Црквата никогаш не се плашела јавно да говори за било кој предизвик со кој се соочувала. Доколку, како што тврдиме, се работи за мал и изолиран инцидент на кој не треба да му се придава никаква важност, чуму тогаш… Read more »
Вистина воскресна, братче. Јас сакав само да споменам и за другата страна на паричката, како вистинољупци, да бидеме свесни и за неа… инаку фашизмот секако е неправославнохристијански, и нема ништо со нашиот светоглед… ни се наметнува баш од местото од каде и што се критикува, и добрата страна на овој натпис и истражување е токму во тоа секоја ваква појава да се отсече од Црквата како нешто страно, а тоа се разбира треба да биде и единствената цел на истражувачот на проблемов и на руската опозиција, кој пак, како што се вели погоре, прави с`е за во тоа да ја… Read more »

Амин, отец!

wpDiscuz