Биоетика: Евтаназија

Втората дилема на биоетиката пред која се наоѓаме денес е поврзана со одлуката за намерно прекинување на човечкиот живот по медицински пат, обично на молба на постарите пациенти кои патат од неизлечиви болести. Заговорниците на евтаназијата докажуваат дека на смртно болниот пациент мора да му се понуди избор, и дека мора да му се овозможи достоинствено да умре. Забрзаниот развој на медицината во текот на последните децении, а особено развојот на реанимацијата, овозможи просечниот животен век да биде зголемен, и создаде услови за одржување на животите на старите пациенти. По сè судејќи, овој факт ѝ погодува на молбата за легализација на евтаназијата.

Ел Греко

Се чини дека во молбата за евтаназија (буквално: „блага смрт“) нема ништо достојно за осуда, доколку се сетиме дека ние, православните, на божествената Литургија на св. Јован Златоуст се молиме крајот на нашиот живот да биде „христијански, без болка, непосрамен и мирен“ („Εκ του θανάτου εις την ζωήν. Θεολογική προσέγγιση στις προκλήσεις της βιοηθικής“). Во молитвата за исход на душата постојат и зборови за „мирно разрешување (разделување) на душата и телото“. Меѓутоа, разликата помеѓу хрстијанските молитви и современата пракса на евтаназија се состои во тоа што во првиот случај христијанинот ја признава слабоста на човечката природа, се смирува и сета своја надеж ја полага на милосрдниот Бог, молејќи се за Неговата милост. Во вториот случај, пак, човекот се сомнева во Божјата љубов и промисла, и бивајќи лишен од секоја надеж, одлучува да го прекине животот на својот ближен.

Христијанската етика не ја прифаќа евтаназијата, затоа што овој чин за себе ја присвојува врховната власт Божја над животот, и ја нарушува заповедта за забрана на убиството. Што се однесува на основниот аргумент кој го наведуваат заговорниците на евтаназијата, тврдејќи дека тоа е чин на милосрдие и сострадање со ближниот, мораме да забележиме дека, доколку самата намера е условена од желбата да се направи добро дело, таа добра намера не е доволна за морално оправдување на сличната постапка.

Љубовта и сострадалноста кон пациентите се изразуваат преку личниот труд и пожртвуваност, а не преку нивното убивање кое, во суштина, претставува крај за секоја помош и секое сострадание со нив. Христијанската етика не се противи на употребата на средства за ублажување на болките, но истовремено учи дека Бог ја допушта болката со педагошка цел, затоа што сака да му помогне на човекот во тој критичен, завршен стадиум на живот, да се покае и да се стекне со спасение.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz