Ете ти мајка!

При Крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина. А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!” Потоа му рече на ученикот: „Ете ти Мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе.
Јн. 19, 25-27

Свети Јован, ученикот кого Христос го љубеше, имал дом, и мајка, како што човек може да има дом и мајка. Тоа била Саломија, зеведеевата жена, која била жива, но и присутна при крстот (Мк. 15, 40). Младиот Јован сѐ уште живеел во домот на неговите родители. Но, Господ на Јован му ја доверува мајка Си. При Крстот Богородица станува јованова мајка на духовен начин; Таа е повикана да го воспитува, да го заштити и да се грижи за него преку Нејзиното мајчинско присуство, водење и непрестајни молитви. И на тој начин, според светоотечкото очење, Таа ни станува мајка и на сите нам. И тоа што му се вели на Јован, ни се вели на сите нам: „Ете ти мајка!“

Богородица и св. Јован Богослов крај Крстот
Богородица и св. Јован Богослов крај Крстот

Од денес, кога започнува Богородичниот пост, додека се подготвуваме со радосна тага да го прославиме Успението на нашата Богородица која постојано се моли за нас, да ѝ отвориме за да влезе во нашиот „дом“. И секогаш да пребиваме во близина на Мајката на Животот, Која на нашиот крстоносен пат никогаш нема да нѐ напушти, па дури и при Нејзиното Успение.

Сестра Васа Ларин

Оставете коментар

2 Comments on "Ете ти мајка!"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Ете ти мајка! – с. Васа Ларин […]

[…] мајка на св. апостол Јован Богослов со зборовите „Ете ти мајка“ (Јн. 19, 27), Богородица стана и наша мајка. Таа е […]

wpDiscuz