Епископ Сејднајски Лука: Прогонот на православието во Сирија

Во интервју дадено за средствата за масовно информирање, ерархот на Антиохиската Православна Црква, епископот Сејднајски Лука го открива размерот на прогонот што го трпат православните христијани од самиот почеток на востанието против реживот на Башар Асад во Сирија, пишува agionoros.ru.

До сега од своите домови се протерани 138.000 христијани, а паралелно со тоа се рушат и христијански храмови. „Тие убиваат луѓе. Човечкиот живот за нив нема никаква вредност“, со овие зборови владиката Лука ја опишува сложената ситуација во неговата земја.

Во градот Хомс противвладините сили извршиле масакр врз христијаните, при што погинале стотици луѓе. Исто така, пријавени биле и десетици случаи на силување.

„Штетата нанесена на нашите храмови е огромна. Ги палат, ги рушат нивните ѕидови, ги ограбуваат. Штом човечкиот живот нема никаква вредност пред овие злочинци, зарем ќе ги поштедат нашите светињи? Нашите парохјани се претепувани и напаѓани секој ден“, вели православниот епископ.

„Нашите предци се населиле на оваа земја многу пред да се појави исламот. Мноштво светители, проповедајќи ја љубовта, примиле маченичка смрт во оваа земја“, продолжува епископот Лука, кој и покрај сите ужаси коишто ги опишува, муслиманите сè уште ги нарекува браќа.

За жал, православните христијани во Сирија денес се препуштени на судбината. Тие се беспомошни жртви на исламските фанатици. Единственото нешто со што можат да му се спротивстават на насилството е молитвата и надежта во Бога, Кој не ги остава оние кои се надеваат на Него.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz