Епископ Климент Хераклејски: Црквата на Живиот Бог

Видео запис од излагањето на Преосветениот Епископ Хераклејски г. Климент од овогодинешната Седмица на Светото Писмо, на тема: „Црквата на Живиот Бог – столб и тврдина на Вистината“.

Црквата има есхатолошки корен, не треба да ја бараме во минатото. Колку и да сме носталгични за нашето древно наследство, сепак, треба да знаеме дека идентитетот на црковноста е оданде, од другата страна, и тоа се сведочи во Евхаристијата.

Духот, освен што се јавува како благ, како Утешител, истовремено Он е Личност, а не имагинарен, некаков флуиден ентитет, и истовремено, од Неговата пројава можеме да видиме дека е тивок, ненаметлив, и анонимен. Не е милитантен и агресивен, како духот на светот.

За мене, светителот е човек Божји, пријател Божји, којшто ги прима даровите, благодари, и Му ги враќа (принесува) повторно на Господа. А Господ, бидејќи гледа дека се изградила таа доверба, повторно му ги дава.

Живееме во време кое е прилично проблематично. Секоја епоха си има свои предности и искушенија, но денес, да се биде христијани, особено во градските средини, е посебен крст. Еве, искрено ќе ви кажам, како исповед: на браќата во Зрзе многупати им велам дека полесно му е денес на човека, да го земе монашкиот крст и да живее според заветите што ги положил, отколку на оној христијанин којшто се труди да го негува и зачува христијанскиот етос во светот

Оставете коментар

1 Comment on "Епископ Климент Хераклејски: Црквата на Живиот Бог"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Благодарам, посебно за непцето 🙂 Поздрав!

wpDiscuz