Џихадист од Исламската држава стана христијанин

Откако преживеал клиничка смрт и бил спасен од римо-католички монаси, еден џихадист кој војувал за Исламската држава се покајал и се преобратил во христијанство, пренесува новинската агенција „Линга“.

Според сведоштвата што ги пренесуваат сведоците на овој несекојдневен настан, вистинско чудо било тоа што триесетидвегодишниот муслиман ја преживеал престрелката што се случила недалеку од источната граница во Сирија. Тешко ранет, милитантот бил напуштен од своите соборци од Исламската држава среде пустина, со виртуелно никакви шанси за преживување. По неколку часа од прекинувањето на престрелката меѓу терористите и државната војска, на местото на битката се појавиле доминикански монаси. Мислејќи дека муслиманот е мртов, тие го зеле неговото тело за барем достојно да биде погребано. Цели дваесет и шест километри тие го носеле навидум безживотното тело на војникот, и на тој начин, не знаејќи му го спасиле животот.

Според зборовите на монахот Герман Џрушлин, откако искрварил, војникот паднал во клиничка смрт. Штом се разбудил, тој веднаш започнал зборува за виденијата што ги имал, а кои на крајот направиле да се приброи во христијанското лоно.

Новопокрстениот христијанин
Новопокрстениот христијанин

– Мислев дека, штом умирам во војна, за мене ќе бидат отворени рајскиоте порти. Но, кога започнав да се искачувам кон светлината, пред мене се појавија џинни (демони според исламското учење, н.з.) кои ме одведоа во пеколот; таму ја почувствував сета болка што сите овие години сум им ја причинил на луѓето… за мене беше приготвена казна, а тоа беше – во очи да ги гледам сите оние кои сум ги убил. Таа слика никогаш нема да ја заборавам, ќе ме прогонува целиот мој живот – му раскажал сега веќе поранешниот терорист на католичкиот свештеник.

После, според неговото сведоштво, човекот слушнал глас. Гласот му говорел дека тој паднал и не се покажал како човек, и дека ако избере да умре, ќе оди во пеколот. Но, ако избере да живее, ќе има уште една можност да се промени и да се покае за неговите гревови. Тој избрал да живее.

Денес, новопокрстениот христијанин живее во монашкото семејство со оние кои му го спасиле животот. За чудо на лекарите, тој закрепнува многу брзо.

Според отец Герман, терористот сфатил дека целиот негов живот го лажеле кога станува збор за религијата. Сега тој сака неговата приказна, неговиот пример да служи како предупредување за другите радикали кои, откако ќе слушнат што ги чека откако ќе умрат, да се обратат кон вистинскиот Бог и Творец.

Извор: Новинска агенција Линга

Оставете коментар

3 Comments on "Џихадист од Исламската држава стана христијанин"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
wpDiscuz