Духовните совети на блажената старица Гаврилија

Распетие

Не посакувај ништо друго, освен волјата Божја, и со љубов прифаќај го сето зло со коешто се соочуваш.

Кога некој ќе ти нанесе зло, не враќај му со зло, туку види Го Христа во неговото срце.

Како што те љуби тебе, Бог исто така го љуби и твојот непријател.

И небесата ги симнуваме на земјата кога се молиме вака: „Да биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата.“

Молкот е Божјиот јазик.

+ + +

Не е важно како зборуваме, туку како живееме. Не е важно што правиме, туку кои сме.

Оној што вистински љуби, не го забележува тоа, како што оној што диши, не е свесен за своето дишење.

Тешко на мене, штом љубов немам!

Три нешта се потребни: првото – љубов, второто – љубов, третото – љубов.

Љубовта е на Крстот, и само на Крстот.

Помалку зборувај, повеќе љуби. Секого, без разлика за кого и да се работи.

Искуството ме учи дека никој не може да помогне никому, без оглед на тоа колку и да го сакаме тоа. Помошта доаѓа само и само од Бога, и тоа кога ќе се исполни времето.

+ + +

Секое место може да стане место на Воскресение. Доволно е да живееме во смирението Христово.

Се бориме за некаква слобода. Зошто? За да им робуваме на страстите.

Нема ништо поевтино од парите.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz