Духовитоста на духовните

Едно време во египетската пустина настапила голема пустинска криза. Тогаш искусните учители знаеле дека треба да ја зголемат дозата на духовитост. Некој млад монах се посоветувал со духовникот: „Оче, еве една година сум во пустинава и за тоа време шест, или седум пати нè нападнаа скакулци. Тоа е вистинска мака, ги има насекаде, дури и во храната. Не се трпат веќе. Како да се заштитиме од нив?“. Одговорил отецот: „Јас сум овде во пустинава четириесет години. На почеток, кога ќе видев скакулец во јадењето, веднаш ќе го фрлев. Потоа почнав да ги вадам од чинија, но ако останеа неколку – ги јадев. После тоа почнав да ги јадам и скакулците. Сега, кога ќе видам некој скакулец како излегува од чинија, веднаш го враќам назад.“

+ + +

Слушајќи ги александриските богослови како богословат, авва Сисое рече: „Ако Бог ги задолжеше теолозите да ги напишат Божјите заповеди, ќе имавме илјада – а не десет!“

+ + +

Во една прилика отец Исаија рече: „Ако дојде време Црквата да нема храброст да ги изнесува своите идеи, тоа ќе биде не од што ќе нема храброст, туку од што ќе нема идеи.“

+ + +

„Светот е толку грд, што и јас на моменти се чувствувам грдо“, рече искушеникот. Старецот му одговори: „Ако имаш грдо лице, не го обвинувај огледалото.“

+ + +

Еден искушеник го праша својот духовник: „Оче, зошто Црквата го прогласила бракот за свет?“. „Заради мноштовото маченици“, шеговитo му одговори отецот.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz