Духовен живот – совети од старец Јован Крестјанкин

Старец Јован Крестјанкин

1. Во духовниот живот главна е верата во Промислата Божја и расудувањето со совест.

2. Бог делува во времето врз оние луѓе што умеат да чекаат.

3. Нашите крилја понекогаш откажуваат и немаме сила да се вивнеме кон небото. Но, тоа не е страшно, тоа е опит низ кој поминуваме само ако остане желбaта да го видимe небото над глава; небото кое е чисто, ѕвездено и Божјо.

4. На прашањето: зошто вие не станете пијанист, хирург или уметник, би одговориле – треба многу да се учи. А за да ја научите науката над науките – дуxовниот живот, мислите дека не е потребно многу да се учи?

5. Ако во основата на животот исчезнало жртвувањето на гревот, тогаш да се чека добар плод е нелогично.

6. Љубовта кон човештвото е словесен блуд. Љубовта, пак, кон конкретен човек, во нашиот животен пат од Бога даден, е практично дело, кое бара труд, сила, борба со себе и со својата мрзеливост.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz