Духовен рецепт на свети Игнатиј Брјанчанинов

crkva-zena

Ви праќам еден духовен рецепт и ве советувам да го употребувате понуденово лекарство неколкупати на ден, особено во мигови на засилени страдања – и душевни и телесни. Нема да помине многу време пред да се откријат силата и исцелителноста што се кријат во лекарството кое по надворешноста своја е најсмиреното.

Осамете се и бавно изговорете (тивко колку само вие да можете да се слушнете), заклучувајќи го умот во следниве зборови (вака советува преподобен Јован Лествичник):

„Слава Ти, Боже мој, за испратената мака; заслуженото според делата мои го примам. Спомни ме во Царството Твое“.

Молитвата треба да се изговара полека. Кога ќе ја кажете еднаш малку одморете. Потоа пак кажете ја и пак одморете. Продолжете така да се молите пет или десет минути додека не ја почуствувате душата смирена и утешена. Причината за тоа е јасна: благодатта и силата Божја се состојат во славословието кон Бога, а не во красноречивоста и многусловието. Славословието и благодарноста се дејства на кои нè поучува Самиот Бог- никако не се човечка измислица. Апостолот ова ни го заповеда во името на Бог.

„Униние и депресија“
д-р Димитриј Александрович Авдеев
Струмича епархија

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz