Дрвото на св. апостол Закхеј сѐ уште стои во Ерихон

Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок. Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.” И тој веднаш слезе и Го прими со радост. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќата на грешен човек.” А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.” А Исус му рече: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов. Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.”

Лк. 19,1-10

Денес го празнуваме споменот на св. апостол Закхеј, кој најпрвин бил цариник и грeшник. Па кoга Гoспoд гo видeл вo Eрихoн на дрвoтo (Лука 19,1-10), влeгoл вo нeгoвиoт дoм, пo штo Закхeј прибeгнал кoн пoкајаниe. Пoдoцна Закхeј му пoслeдувал на св. ап. Пeтар, кoј гo пoставил за eпискoп вo Кeсарија Палeстинска кадe штo вeрнo му служeл на Eвангeлиeтo и мирнo завршил.

Манастир

Она што е интересно е што до ден денес смоквиното дрво на коешто се искачил Закхеј за да Го види Спасителот стои во Ерихон. Пред седум години дрвото било пред целосно уништување – нападнато од термити и со исушени гранки. Со помош на руски ботаничари, ваквата болна состојба на дрвото била наскоро излечена, а сувите гранки исечени, што дури и се појавил мал плод на него.

Дрвото во Ерихон

Инаку, земјиштето на кое се наоѓа ова дрво од неодамна ѝ припаѓа на Руската Федерација која планира во Ерихон да изгради културен центар.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz